Како е да се биде сингл мајка во Македонија

30.11.2016 12:53
Како е да се биде сингл мајка во Македонија

Само 5% од сингл мајките имаат свој дом или живеат сами, а оние другите кои живеат под принуда на околностите со многу членови, и не по свој избор, трпат сè и сешто: дишење во врат, навреди, омаловажувања, пријавувања во полиција, социјално... постојано ги тераат да се откажуваат од себе и да бидат засрамени, покорни и претрупани со обврски. Оти самохраните мајки се за осуда, за презир и камшик. Апелирав до сингл мајките да ми праќаат најчесто употребувани навреди, конкретни зборови, фрази и реченици кои ги омаловажуваат блиските. Ќе повторам сега: жени, слободно праќајте пак. Да ги ставиме картите на маса, да се види дека според Македонците, сингл мајките се за на клада.

Сингл мајката: е стока, курва, крлеж, крава, говедо, гадура, одвратна, расипана, нечиста и прљава, дроља, гнаса проста, неспособна за живот, грев, беда, јадна, бесрамна, дебилка... она кое често го слуша е: тешко на детето со тебе, јадно дете со таква гадура, ќе ти ги земеме децата, на клупа ќе завршиш уличарке, малку ти е мори сè шо те снајде, си го бараше-си го доби, ќе те пријавам оти си лоша мајка, ќе скапеш сама, неспособна си, деца имаш сега нема друг живот, нема праење шо ќе ти текне, дете има-гајле нема, не туку збори мори глеј зачисти таму, тоа бљувотините шо ги готвиш не ти ги јаде куче не па дете, само работа ја интересира, лакома за пари место дете да си глеа, ќе ти порасне дур се ебаваш на страна, детето нема да те погледне, од кол на ко- кол у г’з, растурикуќа низаедна, смрдла прљава, нашминкај се, дотерај се, а за јадење на децата друг да ти ја мисли...

Она кое често се прави е кршење на правилата кои мајката ги поставува, спротивно однесување кон децата од она кое мајката го смета за исправно, учење на децата да кријат работи од мајката, купување играчки за кои мајката и детето одлучиле дека нема да им бидат од полза, па подарување играчки кои не можат да си ги однесат дома или во соба, па плачки-рикачки, врева во време кога треба да спијат децата, гости на други членови, ТВ на цел глас, зашто демек се стари и глуви а не дека посочуваат чиј е овој дом, па чекање ред за капење, па станување на дете од шолја за друг да оди во ВЦ да врши нужда, па дишење во врат и постојани обвинувања, осудувања, критики...

Не станува збор за социјален живот, да имаш каде да примиш луѓе за деловни потреби или да ти дојдат сакани пријатели, партнер ако воопшто има шанса некоја да помисли да има, најстрого е забрането да се пристапи кон заедничкиот таканаречен дом во екстремно голем број случаи.

Вака некако е да се биде сингл мајка во Македонија.

* * *

За добра ноќ ми стигнаа фрешки насоки упатени а да дисциплинираат сингл мајка и еве, ветив, па ги споделувам со сите вас :)

-"kakov roditel i kako sakas da izleguvas i da se glupiras ko secija da si "

-"kakov primer davas na deteto so frizura ko tinejdzerka"

-"abe ajde ve znaeme sto goveda ste vie samohranite majki - egoistki sto ne znaat za kompromis"

-"so se zanesuvas izleguvas so ergen a dete imas doma za gledanje"

-"kako be moze da izleguvas vikend a dete doma da ti spie so baba mu"

-"znaes li deka mu ja degradiras idninata na tvoeto dete so toa sto na sekade raskazuvas deka si samohran roditel"

-"sekoj moze da te ima ne se pravi nedostapna sigurno ne znaes ni od koj ti e deteto"

-"demek si pomagaat ovie samohranive ama zivi kucki samo za parite mislat kakva sminkicka da si kupat"

И така ете ние...

Извор: Фејсбук профилот на авторката

Слични содржини

Активизам / Графички Дизајн / Живот / Историја

ОкоБоли главаВицФото