Печат за збогум

02.12.16 03:53

Втората епизода од серијалот „Видеоскоп“ е посветена на егзодусот на младите луѓе од Македонија.

Според податоците на Организацијата за европска соработка и развој (OECD), меѓу 1998 и 2011 година, Македонија ја напуштиле околу 230.000 луѓе. Ова значи дека годишно се иселувале по околу 17.700 граѓани, што е околу 1% од населението секоја година. Доколку ваквиот тренд продожил и по 2011 година, вкупниот број отселени во последниве 18 години надминува 300.000 македонски граѓани.

Во кусиот документарен филм се појавуваат раперот Да Џака Накот, кој лани се отсели во Германија и неговиот колега-музичар и другар ЛД Пистолеро, како и лекарот Владко Пеливанов, кој живее во Канада и неговиот брат Миле, кој е во Скопје.

 

Извор: Либертас