Да учиме од грешките од 2011 и да не ги повториме!

03.12.2016 10:38
Да учиме од грешките од 2011 и да не ги повториме!

За 8 дена ќе имаме историска шанса да ги казниме политичките криминалци кои ја киднапираа и ограбија државата. Ќе имаме историска шанса политички да го казниме злосторничкото здружение за организиран криминал кое се обиде да се аболицира себеси.

Последната ваква историска шанса ја имавме во 2011 и не ја искористивме. Им дозволивме да нè разединат за да останат на власт. Им дозволивме да ја зацврстат власта на тие што ги украдоа изборите, што ја киднапираа државата, што го заробија судството, што го претворија МВР во ВМРО, што ги прислушкуваа политичките противници, што ги понижија медиумите во „куртони“. Им дозволивме да уништат стотици семејства во наместени политички процеси. Им дозволиме да иселат десетици илјади граѓани поради злосторничките политики.

Да учиме од грешките од 2011 и да не ги повториме. Да ги искористиме овие 8 дена за да ги забрзаме промените.

Секој глас е важен. А уште поважно е да не им дозволиме да ги украдат, купат и манипулираат гласовите на незадоволните.

Мнозинството граѓани е незадоволно и сака да се промени овој криминален режим. Но, тоа незадоволство мора да се изрази на изборите, за да се казнат владејачките партии и да се создаде ново парламентарно мнозинство.

Џабе ли скандиравме „Заедно сме посилни“?

Да го покажеме тоа и на дело.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Странски служби

ОкоБоли главаВицФото