Полжав

03.12.2016 17:17

Полжавот своите очи добро ги зачепил
Со восок,
Главата своја ја прибрал кон градите
И застаклено ѕвера
Во себе.

Над него е
Куќичката му -
Совршено дело негово
Од кое му се гади -

Околу куќичката
Се наоѓа светот,
Остатокот од светот,
Разместен овде-онде,
Според закони посебни
Од кои се гади.

И во средиштето на ова
Гадење сеопшто
Се наоѓа тој -
Полжавот,
Од кого се гади.

Превод: П. В.

Марин Сореску (Marin Sorescu, 1936-1996), еден од најголемите романски поети во 20 век, бил пародист, нонконформист, со постојана гримаса на иронија на усните, демистификатор на универзалните и националните митови, церебрален трагач по егзистенцијалните прашања, плоден поет, прозаист, есеист, драмски писател и преведувач. Големиот романски историчар на книжевноста, Г. Калинеску, со одушевување ја дочекал неговата прва стихозбирка (1964) исткаена од „свила и трње“, а поетот ќе го окарактеризира како „фантаст“, „спонтан талент“, „лиричар преполн со оригиналност“. Сореску за време на животот објавил околу 60 книги и бил преведен на дваесетина јазици.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото