Тезата дека Левица ќе му наштети на СДСМ не е целосно точна

03.12.2016 18:01
Дебатата дека Левица ќе ѝ наштети на СДСМ не е целосно точна

Дебатата дека Левица ќе ѝ наштети на СДСМ мислам дека не е целосно точна. По последнава анкета се калкулира со бројка од 10.000 поддржувачи и не сум баш сигурен дека најголем дел од нив во која било друга ситуација би гласале за Заев, зборувам за варијанта кога Левица не би постоела или, пак, би коалицирала со СДСМ. Работите се малку посложени.

Да не се лажеме, пропагандата на ВМРО влијае врз сите нас, кај некои помалку, кај некои повеќе и мислам дека успеа да создаде армија на луѓе кои ни под разно не би гласале за СДСМ. Подобро би апстинирале.

Сакале да верувате или не, функционира скапо платената приказна „сите сме лопови, ама ние барем градиме“.

Видете го скорот на ГРОМ на претходните избори (31.610 гласа) и ќе ви стане јасно за што зборувам. Според моето скромно мислење, многу од овие луѓе гласале за Стевче, разочарани од ВМРО, не сакајќи ни под разно да ги заокружат СДСМ.

Лично јас познавам неколку такви, едноставно срам им беше да гласаат за „СДСМ-СОРОС“.

Не велам дека сите 10.000 гласови Левица ќе ги добие од оваа група, сигурно имаат идеолошки следбеници, а придобија и луѓе со одличните јавни настапи. Веројатно и такви кои со години не гласале.

Bottom line муабетот ми е дека ќе направат штета на СДСМ, ама не толку голема и дека cost-benefit анализата е на страната на демократијата, колку и да звучи тоа „офуцано“. Инаку, не гледам некоја сериозна дебата на оваа тема кај оние што ги поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО за Македонија.

Барем јас така мислам во моментов, а фино би било по изборите да видиме, еве ако треба јас ќе ја направам :-), анализа за тоа од каде Левица црпеле гласови.

Тоа во случај ако сум длабоко во грешка и навистина му наштетат на отпорот (без глупите шегички за ситнење, молам) и по изборите како новинар да треба да се занимавам со условите во притворското одделение во Идризово.

Тоа дека јас сигурно нема да гласам за Левица, тоа е друг муабет.

Извор: Фејсбук профилот на авторот