Лупење компири: режимот вежба за Идризово

05.12.2016 02:12
Лупење компири: режимот вежба за Идризово

Груевски заостанува зад останатите на обуката. Преферира да љушти тендери место компири.

 

Викендов во новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ, во организација на Унијата на жени, се одржа забрзан курс за лупење компири како подготовка за претстојните денови во Идризово на раководството. Странски Служби беа таму и ги направија овие слики.

Ставре е единствениот посветен на обуката, како да е единствениот свесен што му претстои во Идризово!

Силванева има работено во сендвичара пред да стане пратеник.

Миленко знае сè за лупењето компири - тој веќе бил во Идризово!

Миле сецка компирчина

Гоца не е импресионирана од техниката. Во нејзините студентски денови имаше машина што го правеше ова за неа.

Бети може да ја препознае уметноста насекаде, па и во лупењето компири! На крајот од казната се надева дека со скробот ќе може да го прави она што Валентина Стевановска може со бакарот!

Мијалков за прв пат во животот во рацете држи нож (за готвење)

 

Извор: Странски служби