Што нè чека во светот на порнографијата

06.12.2016 11:08
Што нè чека во светот на порнографијата

На луѓето им одговара помислата дека сексуалноста е вродена, дена основните желби ни се длабоко врежани во мозочната кора, дека вкусовите и невкусовите не подлежат на надворешните влијанија. Имајќи го тоа на ум веруваме дека ја гледаме порнографијата што ја гледаме токму затоа што апелира на всадените базични пориви. Оној што гледа chav porn, го возбудуваат мажи во тренерки. Тој што сака milf porn, сигурно има сосема нормален однос со својата мајка.

Но, кога ќе се појават необични порно трендови, напредуваат до врвот на табелата често пребарувани термини за потоа повторно да заостанат, колку на таквите желби влијаат општествено-политичките фактори? Дали можеби порно вкусовите се условени од надворешниот свет повеќе отколку што се смета?

„Врската помеѓу консумацијата на медиумите и пошироките слики на социјалниот или културниот свет е комплицирана“, вели Џон Мерсер, професор на катедрата за полови и сексуални прашања од Универзитетот Бирмингем, чија специфичност е геј порнографијата. Тој смета дека развојот на технологијата сепак влијае на формирањето на базичните порно трендови.

„Практично беше неизбежно во ерата на социјалните мрежи и егзибиционизмите, кога сите ја споделуваат својата интима со светот, да се појават сајтови каков што е X Tube [првиот сајт кој на корисниците им овозможи сами да објавуваат и споделуваат сопствени порно снимки]. Лесниот и пренослив хардвер е широко достапен, додека луѓето сè повеќе размислуваат за сексуалноста на своите тела.“ Мерсер истакнува дека за огромниот пораст на популарноста на аматерската порнографија придонесува и појавата на Go Pro камерите и сличните технолошки новитети кои го разбудија интересот за порнографијата во прво лице. „POV porn стана многу пософистицирано од некогашните воајерски gonzo порно филмови, во кои камерманот едноставно го држи објективот пред лицето на глумците.“

Фармацијата на сличен начин воведе нови трендови во геј порнографијата. До пред 8-10 години, употребата на кондомите во ваквите филмови беше задолжителна. „Само некои маргинални продуценти снимаа без кондоми, што тогаш се сметаше за радикално бунтовништво“, вели Мерсер. „Сексот без кондоми беше претставуван како нешто мошне егзотично, како што денес се претставуваат фистингот и уринирањето. Но, благодарение на PrEP таблетите, денес кондомите не се користат масовно – навидум незаштитениот секс стана стандардна практика во мејнстрим порнографијата.“

Технолошките и медицинските иновации се сосема опипливи промени кои извршија влијание на формирањето на порно трендовите – но истото го направија и настаните во мејнстрим културата. Клариса Смит од Универзитетот во Сандерленд го уредува академскиот журнал Porn Studies. „Порно филмот ги следи светските трендови и начините на размислување“, вели таа. „Порнографијата, како и секој друг медиум, се обидува да допре до што поголем број луѓе. Ако некоја личност во моментов е популарна во мејнстрим културата, продуцентите веднаш наоѓаат двојник или копираат некој аспект од личноста, кој набрзо потоа се појавува во порно филм.“ Иако се преправаме дека мејнстримот и порно културата се одвоени, во одредена смисла никако не се. Сè што се случува во светот порано или подоцна доаѓа и во порнографијата.

На пример, пред неколку години јавноста почна повеќе да ги цени „плус сајз“ жените со афро-американско потекло, благодарение на феномените како што се Дрејк или Ники Минаж, за истото набрзо да го усвојат и белите жени ширум светот. Не треба да изненадува што статистиката на PornHub за 2015 година покажува дека зборот „black“ скокнал за 16 места, па денес е десетти според популарноста на пребарувањата. Термините како што се „црни тинејџерки“ се пребарувани 424 проценти повеќе отколку година претходно, а „газлести бели жени“ 190 проценти повеќе. Во Америка зборот „black“ стана петти според популарноста на пребарувањата, што вознемирува кога ќе се помисли на состојбата на расните односи во поголемиот дел од земјата и сè позебележителното полициско насилство на расна основа.

„Порнографијата често го зборува спротивното од нашите усвоени идеи за толеранцијата“, вели Смит. „Иритира наместо нормално да се вклопува во постоечката култура. На мејнстрим телевизиите или во филмот сè делува толерантно, гледајќи БиБиСи ќе помислиш, види, па ние сме станале многу фини луѓе, повеќе не ги мразиме другите раси. Порнографијата ја нарушува таквата лажна слика, ги става во фокусот проблемите кои постојат и покрај тоа што замислуваме дека сме толерантни во поглед на другите раси и мешаните врски.“

Кога станува збор за Обединетото Кралство, PornHub вели дека во 2015 сме биле особено заинтересирани за „chav“ порнографијата, токму во времето кога земјата ги трпеше мерките за штедење. „Додека Камерон зборуваше дека би сакал да ги „прегрне децата од гетото“, Ана Ероусмит снимаше филм токму со тој наслов“, се сеќава Смит. „Тоа беше директен одговор на случувањата во културата.“

На денот на американските избори кои го прогласија Трамп за претседател, PornHub статистиката покажува дека зачестеноста на пребарувањето „Доналд Трамп“ се зголемила за 874 проценти. Но, на 15 ноември Тифани Трамп беше популарно пребарување, 9128 проценти почесто од претходните периоди. „Нема сомнеж дека ќе има порно филмови на тема Трамп“, вели Смит. Меѓу другото, веќе имаме прилика да гледаме разни портокалови имитатори со големи пениси, но не сакав да ѝ кажам. „Мислам дека е зрел за пародија, а сигурно ќе има и непријатни поджанрови кои го градат наративот преку неговата мизогинија и расизмот.“

Чувствата на очај, бес и збунетост ги опфатија двата брега на Атлантикот на крајот од 2016 година, а на овој или оној начин тоа сигурно ќе има рефлексија на порно трендовите. Смит правела исцрпно истражување со кое утврдила дека луѓето повеќе се насочуваат кон порнографијата за време на стрес и несигурност. „Порнографијата станува олеснување. Егзистенцијалниот страв е еден од факторите заради кои луѓето се насочуваат кон порнографијата. И со Трамп може да се случи нешто слично. Кога светот е суров, зошто да не се насочиме кон сексуалните фантазии. А кај некои луѓе, кои фантазираат без порно филм, е доволна причина засекогаш да ги оддалечи од порнографијата.“

Би било интересно да се истражи дали периодите на економска и социјална нестабилност ги менуваат порно трендовите – или барем зачестеноста на консумацијата – но такви истражувања не се спроведени.

„Мислиме дека знаеме зошто луѓето ја користат порнографијата, но всушност не знаеме. Прашањето е покомплексно од одговорите што се нудат“, вели Смит, а Мерсер се сложува. „Малку се знае за причините заради кои луѓето гледаат или го сакаат ова или она. Порнографијата е богат културен ритуал кој луѓето не сакаат да го признаат како таков“. Додека не се променат тие ставови, нема да знаеме зошто мастурбираме на она на кое мастурбираме.

Извор: http://www.vice.com

ОкоБоли главаВицФото