Грујо е пред голем и тежок пораз!

07.12.2016 02:34
Грујо е пред голем и тежок пораз!

Драги опозиционери, мои соборци, и вие сè уште неопределените, Грујо е пред голем и тежок пораз кој ќе ја уништи ВМРО-ДПМНЕ засекогаш, немојте да паѓате во очај и паника од анкетите, кој луд во ваков режим признава дека ќе му ебе матер на Грујо на денот на гласање?!

Што велат анкетите? Разлика од само 2-4 проценти, 10 отсто неопределени и над 20 кои не сакаат да признаат за кого ќе гласаат, но се определиле?!

Што ви зборува ова? Мене ова ми зборува дека Грујо има да го јаде небањат! Го чека тежок тежок пораз, ВМРО-ДПМНЕ има да биде уништена како најлонска оранжерија во Фукушима за време на големото цунами!

Зарем мислите дека има многу луѓе кои ќе му признаат на телефон некому дека ќе гласаат против Грујо и режимот?! Па кој е луд да го направи тоа, особено во источна Македонија каде целиот живот ти зависи од режимот?!

Па и покрај тоа, разликата е сведена на само 2-4 проценти!

Се кладам и дека многу од тие што кажале на телефон дека ќе гласаат за режимот, всушност ќе гласаат за опозицијата или ќе го пречкртаат ливчето како неважечко!

На народот му е стемнето бе луѓе!!! Готово е со ДПМНЕ, своето го завршија, завршено е со нив, испеана е таа песна, готово е!!!

Затоа, драги мои соборци, немојте да ми паничите и да ве фаќа очај, уште само неколку дена останаа, горе главата, растрчајте се уште овие неколку дена, охрабрете го народот, ширете го ова насекаде, секој глас е важен, што повеќе пратеници предност имаме пред ДПМНЕ толку подобро за што посигурен распад на мафијата и на режимот!

Нè чека славје, а потоа многу работа!!!

Извор: Мактел
Слика: Александар Дојранлиев