Ќе гласам затоа што ова не е Македонија во која може среќно да се живее!

09.12.2016 12:36
Ќе гласам затоа што ова не е Македонија во која може среќно да се живее!

18 години не гласав. Но, на 11 декември ќе бидам во Македонија и ќе гласам!

20 години работам приватен бизнис. Со парите од граѓаните кои плаќаат за дадената услуга плаќаме даноци за сите да имаме бенифит од државата. Што добиваме ние од нашите пари?

Најлошо #здравство во регионот. #Болници од кои те лазат морници. Писма за #донации кои стигнуваат секојдневно за лекување на граѓани за кои нема пари во Буџетот?!

Социјални случаи кои живеат со социјална помош од 2.400 денари!

#Земјоделци кои живеат во мизерија затоа што други им ги земаат субвенциите!

#Институции во кои се сместија партиски наместо квалитетни кадри. Оф-шор компании кои се најголеми инвеститори, а немаат вработени.

Ноќен живот кој се сведе на турбо-фолк манифестации, бидејќи сè што беше културно се потрудија да уништат.

Добивме #правда во која во #судовите се диктира по нарачка, инспекции кои се прават за притисок, а не за контрола на работењето, глоби кои се изразени во илјадници евра во држава каде најниската плата е 200 евра!

Ќе гласам затоа што мојот колега (монтер) за неисправна сијаличка на службено возило го казнија 100 евра, фирмата 1300 евра, а директорот 300 евра. Во исто време, дел од возилата на МВР и УЈП не се ни регистрирани!

Добивме #патишта кои се реновираат со години и на кои секојдневно гинат луѓе, ама затоа пак на 20 километри те чекаат сообраќајци кои мораат да го одработат денот за да го наполнат #Буџетот.

Добивме полни затвори со #невини луѓе, тажни приказни кои уништија цели семејства.

Овие 10 години и мене двапати ме затвораа, најверојатно за да ме притиснат, бидејќи сум многу независен - како што велат во #бомбите за мене!

ЌЕ ГЛАСАМ затоа што ова не е Македонија во која може среќно да се живее. Затоа што #демократија не постои, затоа што луѓето се поделија, затоа што #младите си отидоа, затоа што нема радост и надеж во очите на граѓаните!

ЌЕ ГЛАСАМ затоа што сакам мојата #Македонија да биде правна држава каде законите ќе бидат исти за сите, каде правилата ќе важат за сите, каде #функционерите ќе имаат морални вредности и ќе преземаат #одговорност, каде младите ќе бидат среќни овде во својата држава!

ЌЕ ГЛАСАМ затоа што ни се потребни #промени !

#Животот е краток за да го посветиме на партија, на идеали или на ситни лични интереси!

Да се #избориме за подобро утро за #сите нас!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Маида Амети и Енес Север