Неизлегувањето на избори е легитимирање на режимскиот криминал

09.12.2016 15:55
Неизлегувањето на избори е легитимирање на режимскиот криминал

Изборите во недела ќе бидат пред сè тест за рационалноста и зрелоста на народот и границите на неговиот мазохизам. Додека во виртуелниот меур детално се прочешлуваат претстојните избори од сите можни аспекти, голем дел од народот резигнирано се мисли дали ВООПШТО да излезе на гласање. Поразително е колкав процент од луѓето запаѓаат во една шизофрена ситуација на свесност за алармантно лошото владеење со државата, а од друга страна одбиваат да го дадат својот МИНИМУМ придонес кон колективната одговорност работите да се променат.

Треба да се има на ум дека во моментов, неостварувањето на своето гласачко право (ако воопшто ја имате привилегијата да не сте мистериозно тргнати од гласачкиот список), со ставовите „Не ме интересира политика“ „Сите се исти“ „Ама па и овој/оној не ми е симпатичен“ и тоа како го легитимирате целиот криминал на постојната власт и им давате амин и понатаму да продолжат колективно да нè толчат. Во вакви услови, држењето до „удобното“ статус кво, е само манифестација на интернализирање на дискурсот дека некои ешалони се неприкосновени и за крупен криминал во Македонија не доаѓа предвид да се сноси одговорност.

Има ли ЛОГИКА некој со години да те краде, експлоатира, да го корумпира и урнисува системот по сите нивоа, да ја разорува економијата - а притоа на најперфиден начин да одлева милијарди евра народни пари на свое конто..... а да не биде тргнат и да не одговара кривично?! Епа нема логика!

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Странски служби