Пристигнати ракописи за наградата „Новите!“ 2016

10.12.2016 11:57
Пристигнати ракописи за наградата „Новите!“ 2016

Оваа година на конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ пристигнаа 16 ракописи од 17 авторки и автори.

Во продолжение го објавуваме списокот на сите пристигнати ракописи.

1. Дарко Поповски - Течности и раскази од блогот БУНТ
2. Филип Дракалски - Гласот на егото
3. Верче Коцева - Малата бела зграда
4. Јордан Николов - Фауната во Конзулвил
5. Ѕвездан Георгиевски - Недела дена во животот и смртта на Гроздан
6. Ана Михајлоска - Ресторанот на кормораните
7. Катерина Лулева - Кругови
8. Љупчо Петрески - Потклек
9. Марина Томевска - Чуварите
10. Ирена Јурчева - Етерни приказни
11. Стефан Алијевиќ - Сите мачки на број
12. Витор С. Стојановски и Сашко Ратковиќ - Нема бегање
13. Тихомир Диковски - Последниот програмер и алгоритмот на љубовта и останати општествено обзерваторни раскази
14. Христина Димоска - Шест часот
15. Еписторијановни - Фобија од конкурс
16. Јагода Василевска - Кукличка од глина и други раскази

За десетина дена ќе го објавиме списокот на автори кои ќе влезат во потесниот избор за доделување на наградата. Победникот ќе биде прогласен кон крајот на месец декември од страна на тричленото жири: Иван Шопов, Калина Малеска и Давор Стојановски.

Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис Новите! изнесува 1000 евра и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.

Спонзор на наградата е Комерцијална банка АД Скопје.

Досегашни добитници на наградата Новите! се: Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус (Климент Булоски), Ненад Јолдески, Иван Шопов, Хигсов Бозон (Кирил Минанов), Дејан Мирчески, Драган Георгиевски, Михајло Свидерски и Сања Михајловиќ Костадиновска.

ОкоБоли главаВицФото