Победа, сепак

12.12.2016 04:32
Победа, сепак

Јас не ги признавам резултатите од изборите. Какви што беа објавени. Мојот радар не успеа да ги регистрира како такви. Тие резултати се резултат на некаков договор што некогаш негде е постигнат на некое ниво. Излезноста и структурата на гласачите беа елементи кои без нивелирачката интервенција на таа непозната инстанца, мораа да резултираат со голема предност за СДСМ. Не се заебавам, макар што знам дека комотниот Македонец ќе рече дека страдам од теориите на заговорот. Не, затоа што заговор има. Но, и официјално објавените резултати претставуваат голема победа на опозицијата, во апсолутна смисла и, особено, во релативна смисла, односно ако ги земеме предвид сите брутални предности со кои режимот стартуваше во предизборната трка. Дисперзијата на гласовите на албанските гласачи кон СДСМ и кон новите партии, каква што е БЕСА, е многу важен момент за општата политичка еманципација на Македонија. Нè чека тешка битка, но утре стартуваме од многу подобри позиции, а вампирите од вемерето ќе се бранат од многу полоши. Усрани се. Готови се. Не претерувам. Ќе им ја откорнеме последната плочка од штабквартирата и ќе ги обесиме на лустерите во монструозната зграда.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Извор на слика: glasamprotiv.tumblr.com