До учесниците во криминалот и оние кои ги поддржуваат

12.12.2016 11:37
До учесниците во криминалот и оние кои ги поддржуваат

Им ја честитам победата на учесниците во криминалот, продолжената рака на ВМРО што вчера заокружи нивно бројче, а утре ќе повлече чкрапало на пиштол заедно со нив. Продадени сте за партијата, скриени под тоа знамето, крстовите, шаловите со лавови и уште милиони симболи, џабе си го маскирате незнаењето и празнотијата, тоа на сите ни е многу јасно. Знаеме дека единствено што сте пролистале во животов е програмата на ВМРО (до пола).

Оние што живеат во медиумски мрак, што немаат пристап до многу информации во оваа дупка, лесни да се изманипулираат и излажат, не ги ни обвинувам (толку).

Оние што поим немате ама што сте гласале зашто се надевате децата дека ќе ви ги вработат, и вие сте криви! Зашто поддржувате јавен криминал и додека заокружувате, нечии туѓи деца умираат по болницине.

Оние незаинтересираните, што мислат дека се над сè, тие па колку се греота! Ќе ги стигне макава кога најмалку очекуваат.

Ама сите други, што имале можност да слушнат, прочитаат, да бидат сведоци на бандава убијци, УБИЈЦИ, да бидат сведоци на деца што изумреа од ужас здравство, секој ден да дишат смрдлив, со говна полн воздух додека го извикуваат името Николово (го мразам и го колнам), аир бе што не виделе од партијана и тие сами живеат за греота како и сите други и УПОРНО КАКО СТОКА СЕ ДЕРАТ И ГО ВЕЛИЧАТ ОНОЈ ШТО БЛИЗОК ДА ИМ УБИЕ ПРЕД ОЧИ ЌЕ РЕЧАТ ДЕКА НЕ ГО УБИЛ. Честитки до вас!

Македонија е РАЈ за накази ко вас и тие во коишто се крстите и чекате да ве водат. МРШ! Вие живејте си со вашата глупоќа, сељачизам, ксено/хомо/каква-уште-не-фобија, лажен патриотизам што извираат од згужваните вратови! А бе ќе скапете во штабон изземени од светот, култура не знаете што е.

Заедничко за сите вас е што од вас не можам живот да видам!

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Александар Дојранлиев