Македонија гласаше за промена на власта

12.12.2016 14:09
Македонија гласаше за промена на власта

Ако се пребројат вкупните гласови од изборите на 11 декември 2016, може да се извлече заклучокот дека Македонија гласаше за промена на власта.

Имено, владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ освои само околу 44% од гласовите (вкупно 539.5 илјади), додека другите опозициски партии освоија над 612 илјади гласови!

Сепак, поради постоечкиот изборен систем кој буквално ги „ништи“ гласовите на помалите партии и коалиции, владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат заедно 61 пратеник, согласно проекциите за освоени мандати во секоја од 6-те изборни единици (во седмата немаше доволно гласови за пратенички мандат).

Практично, иако мнозинството на граѓаните гласаа за промена на власта, се поставува прашањето дали ќе настапи промена или ќе се оддржи на власт владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Тоа би можело да зависи и од евентуалното прегласување во некои изборни единици, каде што бројните констатирани неправилности можеле да имаат удел во исходот од поделбата на пратеничките мандати.

Првичните резултати од изборите воопшто не ја отстранија неизвесноста во поглед на тоа дали во Македонија ќе настапат политички промени за кои гласаа мнозинството од граѓаните.

Дали ќе настапат промени и какви промени, во голема мерка ќе зависи од однесувањето на главните политички актери кои прогласија победа на изборите.

Политичката криза сè уште трае и неизвесно е дали изборите ќе придонесат за надминување на кризата.

Извор: Слободна Македонија

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото