1010 hPa
73 %
20 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 10:59
Бранко Тричковски
Бавното враќање во нормала
Еден мој пријател ми порача дека бројот на гласовите на ВМРО-ДМПНЕ е нереален и дека се украдени најмалку 25.000 гласови, со полнење на кутиите по затворањето на избирачките места и со чкртање по оние ливчиња на кои бил заокружен бројот четири.
„Затоа Заев излезе рано со прогласувањето на победата, затоа беше молкот во штабот на ВМРО, затоа беа помирени на Сител Латас и Каракамишева, а, се разбира, добро информираниот Миленко Н. се истрча на ФБ со постот во кој напиша '52-52, или 52-51 за СДСМ'“.
Јас му верувам на пријателот и му посакувам убав престој во Виена.
Уште ја додавам и мојата омилена теорија на заговорот која вели дека големата излезност и категоричната победа на опозицијата ги направи крајно проблематични пропорциите кои биле договорени пред изборите за мирен трансфер на власта.
Молкот беше обид да се добие време за да се формулира минимум пристоен одговор на новата ситуација.
Безуспешен, се разбира.
Апсолутно сум сигурен во тоа.
СДСМ се испокрадени, но поважно од тоа е што е испосерена волјата на граѓаните на еден многу очигледен начин така што луѓето не мораат да душкаат наоколу за да видат откај им смрди.
Но, еве, да го земеме нерешениот резултат како таков.
Што ни кажува тој?
Тој ни кажува дека е испосрана самата срж на идеолошката осова на режимот кој окупацијата, деструкцијата на институциите и нивното беспризорно заобиколувањето и комплетното игнорирање на институционалниот и правниот ред, го образлагаше со волјата на народот како единствена, релевантна основа на управувањето со државата
Таа основа е растурена.
Тоа веќе го нема.
Влегуваме во нова димензија.
Односно, полека се враќаме во нормала!
(Фејсбук)
Ѕвездан Георгиевски
Тежок пораз на режимот
Значи, без оглед на бојот на пратениците, без оглед на таканаречената пата-пата ситуација и без оглед на моменталната фактичка состојба, главниот резултат на овие избори е навистина историски – режимот заминува во историјата!
По десетгодишното режимско владеење, по окупирањето на сите системи на власта и општественото организирање: од куќните совети и ловечките друштва, преку културните институции, па сѐ до судството, овој резултат на опозициската коалиција може да се смета за апсолутна победа.
Навистина е преоптимистички да се тврди дека десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и неговите коалициони партнери, обележено по невиденото самоволие на власта во европската историја по Втората светска војна, каде што од една страна функционираат сите макијавелистички методи за задржување на власта (од закани со симболи како Ќосето па сѐ до политички апсења, па и неразјаснети убиства), како и мафијашките средства за уцени (понуда што не може да се одбие), а од друга страна клиентелистичкиот метод на работа, при што буквално егзистенции на цели семејства зависат од расположението на некој локален моќник, може да се урне со едни избори.
(Призма)
Бранко Героски
Ќосето виден низ Скопје како се распрашува каде е Никола
Иако во Македонија не беа создадени услови за целосно фер и демократски натпревар, иако Изборната корупција не запре до последен момент, иако изборите се одржаа во услови на компромитирани институции и без реформирани медиуми, народот си го кажа своето. Сега и на керовите на ДПМНЕ им е јасно дека режимот е урнат и дека членовите и симпатизерите на оваа партија ќе мора да размислат понатаму, за живот и без Груевски.
А со тоа, што се однесува до мене, наскоро, се надевам, ќе можам да објавам - mission accomplished!
(Плусинфо)
Роберт Милески
Бидете среќни и задоволни
Абе луѓе, да беше така лесно да се победи механизирана централистичко-командна структура во форма на најбогатa партија во Европа која функционира како милитаристичка организација, убаво ќе беше. Ама сметајте дека ние обичните закрепостени граѓани тргнавме со лопати против огромен булдожер и стигнавме до каде што стигнавме. Па сега сами оценете дали е победа или не на булдожерот со целата негова моќ да му застанеш на пат и да го сопреш со обична лопата. Затоа, главата горе, уживајте и бидете среќни и задоволни...
(Фејсбук)
Арсим Зеколи
Алчното едноумие не се руши со алчно едноумие
Пред да почнете да ги обвинувате Левица, Либералите, Љубчо итн. за вашиот - не НАШИОТ - пораз:
-Ситнењето на отпорот на Албанците контра ДУИ не ги спречи Албанците да му дадат црвен картон на Али. Напротив, разнобојноста допонително ги мотивираше.
-Во македонскиот камп, крупнењето на СДСМ не успеа истото да го стори контра ВМРО.
Наравоучение: алчното едноумие не се руши со алчно едноумие, туку со слободен избор.
(Фејсбук)
Сања Арсовска
Моите мали радости
1. Мојот Штип веќе не е бастион на ВМРО. Разликата од 7.000 гласа во претходните изборни процеси, се сведе на 800. (Честитам земјаци.)
2. За 4-5 месеци има локални избори, а ВМРО веќе изгуби многу општини (од ДУП-от да ни грицнете).
3. ВМРО веќе ја нема истата моќ. Сега ќе почнат со галантна мекоќа, љубезни погледи, детско умилкување, ретерирање, страв... (Каков восклик!)
4. И да формираат ВМРО и ДУИ влада, ништо веќе нема да биде исто. (Да живее СЈО! Добро утро, Судство, се наспа?)
5. Колективниот договор за јавните установи од областа на културата нема да се потпише во декемрви како што беше планирано. Министерството ќе „сфати“ дека предлогот што го нудат не е баш добар модел, па внимателно ќе седнат да напишат нов, а можно е и министерството да нè собере нас уметниците и да не прашаат што сакаме (следствено на број 3.)
(Фејсбук)
Слики: Александар Дојранлиев