На змијата да ѝ црташ нозе

13.12.2016 04:29
На змијата да ѝ црташ нозе

За време на државата Чу имало еден монах кој еден ден на својата послуга во храмот им дал шише вино за да се почестат.

Бидејќи едно шише било премалку за сите, одлучиле шишето да го дадат на еден човек. Но, кому?

Така се договориле секој од нив на земјата да нацрта змија, па кој најбрзо ја нацрта ‒ виното ќе биде негово.

Првиот што ја нацртал змијата гордо посегнал по шишето. Но гледајќи дека другите уште цртаат, со едната рака го држел шишето, а со другата продолжил да црта. Имал уште време, па сакал да нацрта и нозе. Пред тој да успее на змијата да ѝ нацрта и нозе, еден друг човек го завршил цртежот на змија и веднаш му го грабнал шишето од рака.
„Кога змијата нема нозе, зошто ги црташ?“, подбивно му рекол, а останатите паднале во смеа.

***

 Поучнава приказна се наоѓа во книгата Приказни од државата Чан, од непознат писател.

Денес, за оние што работат без план и не знаат кога треба да престанат да работат, и за оние што немаат граници, се вели Хуа шр тјен цу. Истата изрека можете да ја слушнете ако некој работи нешто што нема никаква смисла или значење, а тој самиот мисли обратно.

Слика: Нејтан Марси