Битолчани им поделија на сограѓаните тегли со чист воздух од Пелистер

14.12.2016 10:44
Битолчани им поделија на сограѓаните тегли со чист воздух од Пелистер

Високите концентрации на канцерогените ПМ честички во Битола ги инспирираше младите активисти за нивната нова акција. Тие вчера на своите сограѓани им делеа тегли полни со чист воздух од Пелистер.

Со транспарент „Подаруваме свеж воздух од Пелистер“, битолчани алармираа за состојбата со загадениот воздух во нивниот град.

Акцијата го привлече вниманието на голем дел од минувачите, а дел од нив решија да се „пофалат“ со својата нова тегла полна со чист воздух на социјалните мрежи.

Оваа акција доаѓа откако мерните станици во Битола со денови покажуваат двојно повисоки концентрации на загаденост на воздухот со ПМ 10 честички, во споредба со дозволените среднодневни граници.

Извор: Радио МОФ