Губитници и добитници

14.12.2016 17:51
Губитници и добитници

Независно од можните ревизии на резултатите, изборниот процес тури крстови - во смисла на смрт, не во смисла на воскресение, како што вели Заев - на политичките кариери на Георгиевски, Кекеновски, Бошковски, Ангелов, Трајанов, можеби и на Величковски, за жал. Тоа е сериозно прочистување на политичката сцена од говњарите кои го дадоа својот максимум во катастрофата на Македонија и ред е да појдат на обвинителните клупи, на клупите во Жена парк да играат домино или да седнат на клупите кај некои доктори.

Формалниот победник на изборите, Никола Груевски, е најголем губитник. И да останат овие рзултати тој е политички мртовец како што е смртно ранет и неговиот популистичко-фашистички и идиотски концепт познат во светот како груевизам.

Затоа што ја загуби критичната супстанца на народната волја од која ја влечеше својат сила и својата идеја.


Најголем победник на овие избори е формалниот губитник, Зоран Заев, најверојатно идниот премиер.
Затоа што низ долготрајна и мачна борба успеа да ја разгради кулата на чипираните идиоти во која беше заробена Македонија.

Затоа што тоа го изведе на мирен начин и покрај заложбите на некои од нас кои инсистиравме и на насилни методи.
Не му давам десетка зашто знам дека со малку поинаков и, јас би рекол, поагресиван пристап кон конфликтот со злосторниците, можеше да оствари уште подобар резултат!
И затоа што непримерено ги пика верските работи во нашата световна војна!


Слики: Свирачиња