ЕУРЕКА - Конечно ја имаме формулата на учество на дебата на Сашо Клековски

15.12.2016 13:43
ЕУРЕКА - Конечно ја имаме формулата на учество на дебата на Сашо Клековски, најмистериозниот и најчуден режимски аналитички трубадур

 

ЕУРЕКА - Конечно ја имаме формулата на учество на дебата на Сашо Клековски, најмистериозниот и најчуден режимски аналитички трубадур

 

ЕУРЕКА - Конечно ја имаме формулата на учество на дебата на Сашо Клековски, најмистериозниот и најчуден режимски аналитички трубадур

Конечно по 10 години гледање на учество на дебати на аналитичарот Сашо Клековски ја имаме неговата тајна формула која го прави навистина редок примерок на режимски аналитичар.

Имено, тој при дебатирањето користи сосема различна техника која е дијаметрално спротивна на онаа која ја користат Пандов, Тони Шанац, Сотир Костов, Владо Божиновски и останатата банда и болумента.

Сите овие одат во директен напад на опозицијата и бранење голо на власта, притоа користејќи лаги, измислици и навреди. Сашо има сосема друг пристап, тој е префинет револвераш, ги користи овие финти и техники:

1. Бира екстреми кај опозицијата и кај власта и ги спарува едни со други, и со тоа прави манипулација. Имено, што прави тој? Зема негативни екстреми на опозицијата во текот на овие 25 години и притоа зема позитивни екстреми на режимот, и ги споредува директно со цел манипулација во умот на гледачите кои ќе се сепнат од фактот дека и двата примера се точни постојат и така споредени навистина личи дека СДСМ не е толку добра опција, а и ДПМНЕ не е толку лоша опција. БУМ! Веќе Сашо постигнал една голема цел, а емисијата само стигнала до 10-та минута и има уште 40 минути време тотално да ги збуни сите и со тоа да си ја одработи задачата!

2. Сашо ја придобива публиката со тоа што праќа блага критика кон режимот и блага пофалба за опозицијата, со што пак ги збунува гледачите да му поверуваат дека е објективен независен аналитичар, но оние кои се политички испраксирани и доволно потковани можат да забележат дека тоа е само еден магионичарски трик ала Дејвид Коперфилд, значи обична финта, по што следува излагање кое сепак оди во прилог на власта, а е на штета на опозицијата. Но, бидејќи гледачите веќе се збунети, ова негово излагање се зема како апсолутна вистина. БУМ! Уште еден погодок во целта за Сашо.

3. Сашо се користи и со уште една друга финта. Тој секој екстрем на режимот го разводнува со примери од странство, од регионот, од минатото на опозицијата, од филмови, од драми, опери, видео игри итн., па дека тоа на секој може да му се случи, па ништо не се променило поради таа грешка, па сите така прават, па дека контекстот бил специфичен, демек било кампања, било лето, било есен, била Нова година, дрн, дрн... За сè има оправдание и причина да се релативизира... БУМ! Уште еден погодок за Сашо - значи нема место за паника, НОРМАЛНО Е!

4. Главната цел на сите настапи на Сашо Клековски е типична за секој професионален неутралец - сè е нормално бе дечки, што паничите, не е многу ОК, ама не е ни многу страшно, нема потреба од страв и загриженост, па вака било секаде, па вака било и порано, па се сеќавам тогаш и тогаш беше или така или бетер, па ако не се ја сеќам дедо ми ми раскажувал итн., па што се чудите, па што паничите, па дај бе, што има везе итн. итн., не бидете бе глупи, некој ве манипулира или џабе рипате, дечки абе седи, не ви е јасно... БУМ! Емисијата веќе е при крај, а Сашо во себе си вика – ЕЈ, МАМЕ ИМ ЕБАВ ЗНАЧИ!

5. Тој дури и онака срамежливо ненаметливо ги користи и лудостите, параноите и стереотипите кои се главно орудие на пропагандата на режимот, но ги пласира спакувано, некако ненаметливо, со финта, со лажњак, па така во денешната емисија Топ Тема на Телма мртов-ладен на Лупевска и на Рамадани им кажа - Па ние сите знаевме дека Бејли е на страната на СДСМ, не знам што сега ДПМНЕ паничи за тоа? Замислете колку е ова перфиден потег, тој навидум го напаѓа ДПМНЕ што се жали, но всушност го напаѓа СДСМ затоа што Бејли бил на нивна страна што е невидена небулоза. Бејли со ништо му нема помогнато на СДСМ во кампањата, тоа е само беден смешен изговор на Грујо пред своето членство за да го објасни изборниот резултат кој е рамен на дебакл! БУМ! Прекрасен крај на дебатата, шлаг на тортата!

Сашо е всушност микс на Ванковска со Трендо и Ристо Никовски. Го има тој шмек и кредибилитет на умерен десничарски ветеран-аналитичар кој над дваесет години има присуство на тв дебати и со колумни, ја има таа неутрална харанга кон СДСМ и правење мутав, што ја краси Ванковска, па така на Топ Тема се правеше удрен со мокра чорапа, па се чудеше јавно како тоа СДСМ и покрај бомбите не извадиле подобар резултат, демек не чул за списоците со гласачи на буџетарите, за поткупот, за црната пропаганда итн. итн., иако тој за сето тоа сепак е свесен. Но нему задачата не му е на дебатата да биде објективен, тој е дојден да одработи и затоа го праќаат на Телма, затоа што тој им се обраќа на неутралците, неопределените, оние кои се двоумат, и со својот настап им додава уште една доза дијазепам за да продолжат да си спијат за режимот и понатаму да опстане. А ја има и таа анти-НАТО анти-ЕУ теорија на заговор параноја на Ристо Никовски, но сепак тоа го пакува далеку поперфидно, цинички, подло дури...

Да резимираме: иако така не изгледа на прва, се работи за уште едно бедно бедно расипано гомце од човек! Тоа е, дечки, режимот сепак излезе дека има невиден дијапазон и цела ескадрила на разни бомбардери за специфични намени, едни се за во Сител, едни се за на РСМ, едни се за на Канал 5, едни се за на Телма, едни се за на нет, едните им се обраќаат на античките талибанци, едни на старите комуњари вљубеници во Тито, едни на бугарофилите, едни на русофилите, едни на про-американците, за секоја публика си имаат медиумски играч кој ги анимира и Грујо кај сите оди и дава различни интервјуа, некои и самите се соло-играчи како Клековски, Ванковска, Трендо итн., но само навидум се соло играчи и независни, сигурен сум дека добиваат насоки, инструкции, се слушаат, се координираат, се среќаваат по некои канцеларии на режимот низ Скопје, тајно, секако... Само Бетмен е доволно глуп да јаде јавно супа во Фуфо и тоа до прозорецот кој гледа накај улица Македонија...

Останува сега наша задача како Мактел да откриеме зошто го прави ова Сашо, каде е неговиот бенефит од оваа перфидна игра во која е вклучен. Да видиме од каде цица парички, каде му се вработени блиските, каде има фирмички, тендерчиња итн., мора има сепак некоја кешарица зад ова, не се помага режим така лесно поради идиотизам, иако и тоа не го исклучуваме. Сепак, можно е теоретски тој да мисли дека помага подобра опција за Македонија со овие глупиранции негови... Или пак потајно му се одмаздува на СДСМ за некакви фрустрации од младоста, можно е на некој семинар некаде на СДСМ или на СКМ пола СДСМ младина да му ја плеснало симпатијата па уште не може да им прости ментално, кој знае за што станува збор овде, ќе пробаме да дознаеме...

Извор: Мактел
Слики: Странски служби