Нова српска (а ко да е наша) сатира (12) - Овде му е најубаво на тој што не е овде

15.12.2016 14:11
Нова српска (а ко да е наша) сатира (12) - Овде му е најубаво на тој што не е овде

ЗА ВОДАЧОТ

Водачот е обединувач. Познато е дека несреќата ги зближува луѓето.

Ни на водачот не му е лесно. Има видено толку стравотии што му ги направи на народот.

Тој нè водеше во судбоносните моменти. Сега се водиме како исчезнати.

Слепиот водач народот може да го води и со врзани очи.

Очекувавме новиот премиер да биде магионичар. А тој е хипнотизер.
Слободан Симиќ

 

Водачот долго го гризеше совеста за невините жртви. Затоа постхумно ги прогласи за виновни.

Водачот упорно повторува: државата ‒ тоа сум јас! Што само потврдува дека тој е никој и ништо.

Кого овој народ некого еднаш ќе омрзне му робува до крајот на животот!

Народ кој има вакви водачи не треба да се грижи за иднината на својата сатира.
Владан Сокиќ

 

Светилникот и доведе до бродолом!
Урош Ковачевиќ

 

Многу фактори влијаеа на тоа, и јас да станам некој фактор!
Никола Ч. Пешиќ

 

Ја прифаќам колективната одговорност за сопствените промашувања!
Живко Ѓуза

 

Има нос за политика. Од ништо не се гади.
Елена Кујунџиќ

 

Најлошото помина. Сега предводи!
Дејан Тофчевиќ

ЗА СИТУАЦИЈАТА

Смрт фашизму! Ваистину воскресе!
Дејан Тофчевиќ

 

Наточи вино, крчмарке! Овде фали вистината.
Срба Павловиќ

 

Кај нас изборниот грабеж е вично дело!
Вељко Рајковиќ

 

Пророците во Србија немаат основни услови за работа. Овде нема иднина.
Срѓан Динчиќ

 

Мазохистите велат дека кај нас никогаш подобро не се живеело.
Милан Р. Симиќ

 

Кај нас и Црвенкапа е гладна ко волк!
Саша Јовичиќ Екс

 

Го препознавте нашиот европски пат. Обележан е со трошки од леб.
Владица Миленковиќ

 

На ништо веќе не му се чудам, освен на сè!
Зоран Ранкиќ

 

Драги патници, добрата вест е што пилотот успешно се катапултираше!
Веселин Мишниќ

 

Во нашата земја е посеано семе на раздорот. Родот ги надмина сите очекувања.
Владимир Миќковиќ

 

На балканските простори кон камелеоните се прилагодува средината.
Живоин Денчиќ

 

Овде му е најубаво на тој што не е овде.
Миладин Бериќ

 

Велев јас дека ова нигде не води. И еве, стигнавме!
Драган Рајчевиќ

 

За волја на вистината, ми помина волјата за вистина.
Владан Сокиќ (1963‒2003)

 

Телевизорот е најдобар човеков пријател. Лаже како куче.
Владан Сокиќ (1963‒2003)

ЗА ВЛАСТА

Во нашата средина дното е на врвот.
Вељко Рајковиќ

 

Нема врска што одиме по погрешен пат. Битно е да нè водат вистински луѓе!
Саша Јовичиќ Екс

 

При коренити промени најтешко се менуваат трупците!
Саша Јовичиќ Екс

 

Навиените луѓе не покажуваат точно време.
Милијан Деспотовиќ

 

Власта постојано греши, но секогаш е во право.
Живан Филиповиќ

 

Додека во светот паметните лудуваат, во Србија лудите паметуваат.
Драгомир Ѓурѓевиќ

 

Во Србија веќе нема место за незнаењето. Сè е пополнето.
Елена Вукелиќ

 

Поради вжештените глави ни испарија мозоците!
Срѓан Јовановиќ

 

Поради вжештените глави ни гори под нозе.
Даница Машиќ

 

Мораме да се пресметаме со поединецот. Тие се најопасни.
Весна Денчиќ

 

Оние што немаат образ имаат најдобар одраз!
Стево Бздилик

 

Бев нула од човек, а потоа паднав во минус.
Братислав Костадинов

 

Едни велат дека сум тап, а други се уште поостри.
Братислав Костадинов

 

Практиката ни е посилна од теоријата. Тоа што ние го правиме не може да се опише.
Миќа Живоиновиќ

 

Не е изненадување што колата тргна низбрдо, туку што на воловите ништо не им фали.
Милорад Марјановиќ Марона

 

Таму каде што ние ќе засереме, другите не можат ни да присмрдат!
Веселин Мишниќ Лари

 

Лесно му е на владеачкото мнозинство. Сите одлуки му ги носи поединец.
Мирослав Средановиќ

 

Не ги превртувајте зборовите на политичарите. Од другата страна нема ништо!
Борислав Митровиќ

 

Ме заболе прстот од покажување кон нив. А гледам, и нив ги заболе!
Борислав Митровиќ

ЗА НАРОДОТ

Народ со толку споменици заслужува подобро минато.
Божо Мариќ

 

Нам ни е минато и идното време.
Милорад Ќосиќ

 

Смешни сме си себеси. Тоа е врвот на нашата сериозност.
Славомир Васиќ

 

Апсурд е да преминувате преку сè, кога тапкате во место.
Милијан Деспотовиќ

 

Имам добар занает. Ја ковам власта во ѕвезди.
Љубомир Илиќ

 

Денес е полесно да најдеш работа како горила отколку како човек.
Миладин Бериќ

 

Цврсто решив која страна ќе ја заземам! Меѓу колебливите!
Ненад Ќорилиќ

 

Барам работа. Добро плаќам!
Љубиша Тодоровиќ

 

Ќе живее ово народ! Јас верувам во реинкарнација.
Дејан Милоевиќ

 

Пензијата е ко менструација. Трае најмногу седум дена а после можеш да се ебеш.
Дејан Милоевиќ

 

Паметните си заминуваат одовде. Не сакаат да им го расипуваат просекот на будалите.
Горан Иванковиќ Горки

 

Во 12 век јадевме со златни виљушки. И тогаш почна кризава.
Моца Михајловиќ

 

Колку што мислиме, добро ни е.
Владимир Драмиќанин

 

Европа е ко смрт. Кој ќе замине не се враќа.
Милан Стевановиќ

 

Кој очекува подобро утре од оние што ве опљачкаа вчера, треба да оди на лекар уште денес.
Милорад Павковиќ

 

Додека спиевме ни го украдоа сонот.
Драган Огњановиќ

 

Порано или подоцна сфаќаш дека доцна си сфатил.
Драган Огњановиќ


Избор и превод: П. В.
Слики: Александар Дојранлиев 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото