Уште еден креиран филм од Били Даркарт, овојпат инспириран од култната серија „Ало ало“ (1982-1992). За разлика од оригиналната верзија, во ова кошмарно издание има само фашисти...
Го слушам премиерот Мицкоски како раскажува дека Радев потрошил цела година да ги убеди европските лидери оти треба да се стават Бугарите во македонскиот Устав. А што правеше Мицкоски во тоа време како опозиција? Додека Радев работел на случајот како да ја блокира Македонија во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ работеше како да го блокира владеењето на СДСМ. Ај што блокираа, туку сееја и омраза со „северџани“, „вакви-такви“, „не отварам врата на пописот“ и слични гадотии. И што прави сега кога е на власт? Исто. Пак секој ден се кара со СДСМ и сее омраза со „глодари“, „талог на општеството“, „мекотели“ и најново – „потпросечни политички медиокритети“.
Алек Букарски во „#Антианархистички манифест“ низ тринаесет фрагментарни, автобиографски и алегориски текстови ја испишува мапата на личните и општествените противречности на современа Македонија. Меѓу анархизмот и припадноста, провинцијата и главниот град, интимното и политичкото, оваа книга е немирен запис за осаменоста, идентитетот и потрагата по слобода.