Смртта на ВМРО-ДПМНЕ и претсмртниот говор на Груевски

17.12.2016 21:31
Смртта на ВМРО-ДПМНЕ и претсмртниот говор на Груевски

Водството на Манчестер јунајтед против Вест Бромвич Албион ( 1:0, Ибрахимовиќ) ми го крена расположението и еве ме и мене со некои импресии од претсмртниот говор на Груевски:

Како се случи партијата која имаше апсолутна власт да се сведе на уличарска банда која не признава ништо, при што, во тоа ништо се упикува и се гмечи и самата себе!?

Зошто не се во состојба да сфатат дека државата што ја урушија не може повеќе да ги задоволува нивните интерси, имено, затоа што е темелно упропастена, односно дека самите се одговорни за тоа што останаа како риби на суво.

Зошто обдиваат да разберат дека беше закономерно дека уништувањето на Македонија како нивна централна мисија ќе го повлече и нивното уништување, дека тие се однесуваа и се однесуваат кон Македонија како кит кој откако ги изел сите риби во својата акваторија, почнал да си ја јаде опашката.

Идиоти.

Како се случи лидерот, кој воспостави еднолична диктатура со интензитет и длаболична каква што немале сите комунистички раководители заедно, да падне на заканувачки објави на војна на целиот свет, на остатоците од Македонија како држава, на остатоците од македонските институции и со сите што не се во неговата група кобасичари, ракиџии и ресто стока!

Како се случи да најави излегување од политичкиот и (крајно условно речено) правен систем, односно од себе како власт.

Зошто ја објави смртта на ВМРО-ДПМНЕ!

Во своето обраќање пред Државната изборна комисија тој, всушност, објави дека неговата партија ќе изведе државен удар во државата што ја уништија, ако државата не прифати да умре пред тие да умрат.

Нема ли некој да му каже дека и во најбудалестите закани треба да се има некој стил, дека не можеш да изгледаш толку усрано и да порачуваш дека се живо ќе смачкаш.

И на крајот да порача "да живее Македонија" без да води сметка дека Македонија ќе го послуша и ќе му дојде да го прати на една малку подолга и тешка робија.

Говно!

Слики: Били Даркарт