1008 hPa
83 %
18 °C
Скопје - Пет, 13.09.2024 03:59
Не е веќе прашањето дали Грујо ќе падне. Прашањето е кого и што ќе повлече со себе. Кого ќе остави на цедило кога ќе се испазари за сопствената делумна или целосна амнестија? Се разбира, можно е и да не се испазари и, како Нерон, да ја запали Македонија, бесен поради тоа што леснотијата на владеењето што го практикува(ше) Грујо се покажа неподнослива за поголемиот дел од граѓаните.
Грујо е сè поосамен и станува непријатен товар и за кликата послушници околу него.
Она што ги мачи нив е прашањето дали повеќе ќе изгубат со него или без него. Чија битка ја водеа збрани околу огнот пред ДИК? Неговата или својата? Турција е голема земја, Ердоган може да ја преживее изолацијата, но ќе плати висока цена.
Грујо не може да ја преживее, а цената ќе ја плати. Всушност, прашањето гласи: Колкава ќе биде цената што Македонија ќе ја плати за десетгодишната прегратка со груевизмот и за раскинувањето со него?
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Небојша Гелевски