Изложба фотографии со илустрации на тема „Будење“

19.12.2016 12:11
Будење

На 18 декември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ беше отворена изложбата на фотографии со илустрации „Будење“, посветена на лицата со попреченост.

Организатори и иницајтори на изложбата се Ирена Мила и Анче Туфекчиева, мајка на дете со Даунов синдром.

Александар Матовски-Цако ќе ја отвори изложбата, а музички перформанс имаше Сара Миленковска. На изложбата се продаваше збирката поезија „Светот е жеден за збор“ од Тони Попов, а Средствата од продажбата на книгите ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Будење from Elena Fidanska on Vimeo.

Во светот денес живеат околу 7,5 милијарди луѓе. Околу 1 милијарда се лица со попреченост и ретка состојба. Од нив, околу 150 милиони се деца. Во нашата држава не може да се прецизира точна бројка колку лица живеат со попреченост или ретка состојба.

Постојат многу датуми посветени на лицата со пречки во развојот: Светски ден на лицата со Даунов синдром, Меѓународен ден за борба против аутизмот, Ден на лицата со ретки болести и други одредени денови.

Во продолжение, ја пренесуваме атмосферата од настанот преку фотографиите на Ванчо Џамбаски.

ОкоБоли главаВицФото