Пожар

19.12.2016 13:06

Ветрот од далеку носи гаровина.
Гасете дури е време!

Од другата страна на ридот
сузбиван и задишен
лази помешечки нагоре
огнот.

Гасете дури е време!

Тој брза да стигне на сртот
до првиот мрак,
за да се исправи горе спроти небото
со сиот раст,
да блесне
величествено страшен
пред да заслегува ваму.

Гасете дури е време!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото