Обелоденето името на градот кој беше изгласан за најдобро место во светот да се биде геј и самец

20.12.2016 02:03
Обелоденето името на градот кој беше изгласан за најдобро место во светот да се биде геј и самец

Најдоброто место во светот да се биде геј и самец беше откриено од веб-страницата за патување GayCities.

Десетици илјади патници гласале на анкетата на веб-страницата за да се одлучи кое е најдоброто место.

Европскиот град кој ја однесе победата веројатно не претставува некое големо изненадување.

Берлин е името на најдоброто место, искачувајќи се на врвот на анкетата со 22 проценти од гласовите.

На второто место се најде Форт Лодердејл, Флорида (21 проценти), по него следи Њу Орлеанс (16 проценти), Сиетл (12 проценти) и еден од нашите омилени градови, австриската престолнина Виена (7 проценти).

Иако Германија сѐ уште го нема легализирано истополовиот брак, анкетите покажуваат дека околу 65% од Германците го поддржуваат тоа. Градот е најпознат по неговиот ЛГБТ живот, особено фетиш клубовите.

Извор: www.queer.mk