Гнев

20.12.2016 15:19

Студена пот по челото,
студена пот под мишките.
Бигор го вкочанил телото,
нечујно тлеат издишките.

Тешко се гледа некаде крајот,
надежта барем да се спаси.
Те крепи само гневот
со право клетви да гласи.

Но зар е и тоа некаква утеха –
да плукаш по гнаси!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото