Усраност у мермеру

20.12.2016 15:23
Усраност у мермеру

„ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза на новинари блиски до СДСМ кој јавно се објавува на порталите под контрола на партијата. Јавното повикување на ликвидација на Претседателот Груевски е знак на немоќ на аболицираниот криминалец Зоран Заев изразен преку новинарите и порталите диригирани од Бихаќка. Срамниот текст 'Може ли Груевски да биде убиен!?' објавен на Плусинфо, ги отсликува намерите на аболицираниот Заев за провоцирање на нови инциденти и пролонгирање на кризата, се вели во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат надлежните органи да преземат соодветни мерки.“

Хахаха!

Што да кажам во врска со оваа „усраност у мермеру“!?

Не знам како ќе реагира Плусинфо, но авторот на „срамниот текст“ е мојата маленкост и таа ќе реагира во неколку точки:

Прво, „претседателот“ не се пишува со голема буква, вашата љубов може да биде голема, како што е голем и првиот идиот на големата партија, но, со голема буква не се пишува именката „претседателот“. Бидејќи станува збор за објава на нелекториран или лошо лекториран текст на официјално тело во јавниот простор, ќе поднесам тужба за сквернавење на македонскиот јазик од страна на најбогатата партија во Европа!

Второ, „надлежните органи да преземат соодветни мерки“ можат, но тие не постојат, сите темелно ги сјеба Злосторничкото здружување кое бара да се преземат „соодветни мерки“!

Трето, „Бихаќка“ не сте ја напишале во наводници, за што ќе ви стегнам уште една тужба пред вашето криминализирано и приватизирано судство.

Четврто, „срамниот“ текст „Може ли Груевски да биде убиен“ не повикува на ликвидација на „Претседателот Груевски“, туку укажува на моменти кои би можеле да водат кон таква разврска.

Петто, да имате минимум разум, вашиот „Претседател“ и вие како Злосторничко здружување, би требало да ме поканите на чаша шампањско и заедничко квасење во базенот на десеттиот кат на единствената зграда што не е од стиропор. На Халкидики не би одел, фала!

Шесто, авторството на текстот има помалку врска со „немоќта на аболицираниот криминалец Заев“ отколку што вашиот „Претседател“ има врска со обајвувањето на посмртниците на некои амбасадори во Скопјанг.

Седмо, дали текстот има врска со „намерите на аболицираниот Заев за провоцирање на нови инциденти и пролонгирање на кризата“ не знам, но знам дека јас сум за продлабочување на тоа што вие го викате криза до излегување на другиот крај на планетата, некаде во слободниот свет.

Стоко!

П.С

Од оваа глупантропска и испумпана од секаква енергија и хемија реакција на „најбогатата партија во Европа“ и од реакцијата на нивниот говњарски портал Кур Ир, јас заклучувам дека чипираните идиоти на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да се однесуваат како некои од мечињата во рекламата за батериите „Дурасел“, мечињата што користеа други, слаби или никакви батерии и паѓаа мртви уморни или скроз мртви по патеката на животот. И дека новите пренесувања на моите статуси резултираат со важно ниво на освестување кај идиотите кои го инспирираа и го спроведоа палењето на мојот сладок џип, ајде на џипот, туку на цела Македонија!

Да сум на ваше место не би чекал некој да дојде да ме убие, туку би умрел од страв и срам пред Господ и пред Судбината, некои би рекле, пред космичката правда!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слики: Александар Дојранлиев

ОкоБоли главаВицФото