Ја тужам државата за смртоносното загадување

20.12.2016 15:31
Ја тужам државата за смртоносното загадување

Ќе ја тужам државата поради систематското загрозување на животната средина со потенцијални и стварни смртни последици. Тужбата ќе ја внесам во криминалниот правосуден систем на Република Македонија само затоа што такви се процедурите што ги бара системот на европската правда.

Република Македонија е виновна затоа што овозможуваше, поддржуваше или финансираше изградба на голем број објекти, осбено во зоната на монструозниот проект Скопје 2014, со што ја поремети природната циркулација на воздухот и го зголеми бројот на сераторите на квадратен метар скопска површина, од клиентелистички побуди им дозволи на големите индустриски капацитети да работат под пропишаните норми во однос на еколошката заштита односно да го пумпааат воздухот над Скопје со суспендирани и други отровни честички, не ја извршуваше и не ја извршува својата должност кон граѓанството кое за загревање на домовите употребува карбоносани бандери и железнички прагови, отровна дограма, стари гуми и автомобилско масло, дозволи и поттикнуваше увоз на огромен број стари возила, набави еколошки неадекватни автобуси од Кина и Украина, се занимаваше и се занимава со континуирано популистичко раскопување на градското земјиште за импресионирање на простата маса и, конечно, одби да ја елиминира власта како извор на најстрашните загадувања.

Барам адвокатска помош за адекватно формулирање на горните ставови во издржана во правна смисла тужба. Про боно, се разбира. А може и да ги делиме милионите што ќе ги лапнеме.

Исто така барам стручњаци и аматери кои можат да помогнат тужбата да биде поткрепена со квалитетни докази што џганот сватовски и сваровски ќе ги одбие, што е планиран добар исход за натамошната судбина на нашата тужба.

Јас ја приложувам следнава карта.

Контакти: btrickovski@hotmail.com и тел. 072251466

Извор: Фејсбук профилот на авторот