ОСТЕН Биенале на цртеж Скопје 2016

21.12.2016 04:45
ОСТЕН Биенале на цртеж Скопје 2016

Јa најавуваме програмата на активности кои ќе го заокружат успехот на годинешното ОСТЕН БИЕНАЛЕ на цртеж - Скопје 2016.

Централниот настан - изложба и доделување на награди и признанија - ќе се одржи на 22 декември 2016 во Чифте Амам co почеток во 20 часот. На настанот ќе присуствуваат дел од наградените уметници (Јапонија, Франција, Израел, Литванија, Грција и Србија), а ќе бидат изложени дела на 270-те автори кои беа селектирани од интернационалното жири и се најдоа во каталогот чија што промоција ќе ја круниса вечерта.

Придружни активности:

15.12.2016 (четврток) во 12 часот

ПРОМОЦИЈА на публикацијата „Германски уметници од колекцијата на ОСТЕН“ + мини изложба на германски автори во Гете институт (комплекс МИ-ДА)

21.12.2016 (среда) во 12 часот

ПРОМОЦИЈА на публикацијата „Британски уметници од колекцијата на ОСТЕН“ + мини изложба на британски автори во просториите на Британски совет (Универзитетска библиотека)

22.12.2016 (четврток) во 12 часот

АВТОРИЗАЦИЈА и ПРОМОЦИЈА на графичка мапа на Камелија Отеро и заедничка со Росица Лазеска во Француски институт (зад полициска станица Беко)

23.12.2016 (петок) во 12 часот

Отворање на изложба на автори од ПОЛСКА во галерија ОСТЕН (Максим Горки 16)

На годинешното издание на Биеналето на цртеж учествуваа 690 автори од 66 земји од светот со 2240 пристигнати дела. Повеќе информации на www.osten.mk.

ОкоБоли главаВицФото