Левица: Да им се помогне на сиромашните граѓани, наместо да се трошат народните пари на новогодишни прослави!

21.12.2016 12:01
Левица: Да им се помогне на сиромашните граѓани, наместо да се трошат народните пари на новогодишни прослави!

Вообичаената практика безмилосно да се трошат народните пари за организација на новогодишни настани продолжува. Градот Скопје предвидено е да потроши вкупно 5 милиони денари, а згора на тоа и од Oпштина Центар најавуваат организација на новогодишна прослава, така што на неколку метри раздалеченост, во центарот на градот, ќе има две прослави. Неверојатна некоординираност и ирационалност.

За Левица е неприфатливо да имаме така неодговорно трошење на народните пари во услови кога 460.000 луѓе се под прагот на сиромаштија, а 180.000 луѓе се во апсолутна сиромаштија. Ние предлагаме средствата да се насочат за помош на социјално загрозените граѓани, а да има само симболично одбележување на Нова Година.

Во некои градови од соседството веќе има иницијативи од граѓаните за пренасочување на средствата од новогодишните прослави за помош на деца на кои им е потребно лекување. Ете уште еден можен начин за рационално користење на народните пари, земајќи предвид дека пред извесно време беа скратени средствата за лекување на болните од ретки болести.

За таа цел, Левица покрена онлајн петиција па секој/а кој/а се согласува со ваквата идеја може да ја потпише и поддржи.

Извор: levica.mk

ОкоБоли главаВицФото