Почина Мишел Морган - жената со најубавите очи во француската кинематографија

22.12.2016 01:12
Почина Мишел Морган - жената со најубавите очи во француската кинематографија

Нејзината убавина го магепса францускиот режисер Марк Алегрета, кој ѝ помогна да стане филмска ѕвезда. Се преселува во САД во 1940-тите години, по објавата за војната. Глумеше со Френк Синатра (1943), но нејзината холивудска кариера беше помалку плодна отколку што таа се надевала. По Втората светска војна, Морган се враќа дома во Франција и нејзината кариера повторно се придвижува во нагорна линија.

Во 1969 година го добива орденот „Легија на честа“ од француската влада и почесната награда „Цезар“ од француската филмска индустрија во 1992 година, како и Златниот лав за животно дело, на филмскиот фестивал во Венеција во 1996 година.

Француската филмска актерка Мишел Морган е родена на 29.2. 1920 година во Neuilly-sur-Seine, богато предградие во западниот дел на Париз.
Заминала од дома на 15-годишна возраст, решена да стане актерка. Ја подучувал Рене Симон на кого му плаќала за часовите глумејќи во споредни улоги и статирајќи.

Во тоа време, во 1944 година, Мишел Морган глумела за Warner Brothers во филмот Passage to Marseille, со Хемфри Богарт. Нејзината убавина ја забележал режисерот Марк Алегрет кој ѝ понудил главна улога во филмот Gribouille во 1937 година. Потоа глуми во Le Quai des brumes на Марсел Карне во 1938 година, со големиот француски актер Жан Габин во филмот Remorques од 1941 година. Тие се сметаат за водечки актери на француската кинематографија.

По германската инвазија на Франција, во 1940 година, Морган заминува во Холивуд, каде што ја чека договор со RKO Pictures. Американската кариера ја разочарува иако глуми во неколку популарни филмови како што се Joan Of Paris со Пол Хенрид во 1942 година, и Higher&Higher со Френк Синатра во 1943 година. Требало да ја добие главната женска улога во „Казабланка“, но RKO не можеле да се нагодат со Warner Bros.

Кога завршила војната во 1946 година, Мишел Морган разочарана од Холивуд се вратила во Франција, што била одлична одлука за нејзината кариера. Филмот „Пасторална симфонија“ (La simfonia pastorale) на Жан Делано, адаптација на исоимениот роман на Андре Жид, ѝ ја носи наградата за најдобра актерка на Филмскиот фестивал во Кан.

Други значајни филмови се Fallen Idol(1948) на Керол Рид, Fabiola (1949) на Алесандро Барисети, Proud & Beautiful (1953) на Ив Алегре, Les Grandes Manevri (1955) на Рене Клер, Marie Antoinette-Reine de France (1956) на режисерот Жан Делано.

Морган продолжува да работи во светот на филмот и во текот на 60-тите години. Следуваат филмовите Lost Command со Ентони Квин и Les Centurions. Во 1970-та година се пензионира, но повремено се појавува во филмот, телевизијата и театарот.

За својот придонес во филмската индустрија на Мишел Морган ѝ е доделена титулата на ѕвезда на Холивудскиот Булевар на славните. Владата на Франција во 1969 година ѝ доделува орден на Легијата на честа. За својот придонес во кинематографијата во 1992 година ја добива почесната награда „Цезар“, а во 1966 година, на филмскиот фестивал во Венеција го добива Златниот лав за животно дело.

Покрај талентот за глума Мишел Морган беше и сликарка од 60-тите години, а интересен е податокот дека имала фетиш за сликање риби, бидејќи тоа е нејзиниот хороскопски знак. Пред неколку години имаше самостојна изложба во галерија во Париз насловена Artistes En Lumière Parizu (2.1 - 30.3 2009).

Во 1942 година во Холивуд влегува во брак со актерот Вилијам Маршал, со кого има син, Мајк Маршал (1944-2005). Морган и Маршал се разведуваат во 1948 година. Таа се премажува со францускиот актер Хенри Видал, со кого останува до неговата прерана смрт во 1959. По неколку години вдовство живее со филмскиот режисер и писател Жерар Ори, сè до неговата смрт во 2006 година. Мишел Морган има шест внуци и десет правнуци.

Најубавите очи на францускиот филм се затворија на 21.12.2016 година.

Извор: www.ladylike.hr