24.12.2012 - 4 години од Црниот понеделник

24.12.2016 16:07
24.12.2012 - 4 години од Црниот понеделник

Денес се навршуваат четири години од Црниот понеделник, денот кога се згазиja Уставот и законите, кога во Македонија се згазија основните човекови права, се злоупотребија институциите и се згази демократијата.

На 24.12.2012, режимските припадници на собраниското обезбедување насилно ги отстранија опозициските пратеници и новинарите од собраниската сала, за да можат да го донесат годшниот буџет со кој ќе се изврши уште еден грабеж на македонските граѓани.

„Не знам што беше поужасно, насилството или одобрувањето на насилството од пратениците на власта, ликувањето и злорадоста со кои беше поздравен триумфот на безумието, кое со ќотек го воведе едноумието во она што требаше да биде повеќепартиски парламент. Врв на резилот беше спокојството на немиот сведок, народниот правобранител, кому Собранието, ’олеснето’ од недисциплинираните пратеници, му го изгласа вториот мандат“, изјави Владимир Милчин по повод Црниот понеделник.

Според професорот Светомир Шкариќ, насилното исфрлање на опозицијата и новинарите претставува преврат во правната регулатива, рамен на државен удар, со што претседателот на Собранието наместо прв меѓу еднаквите прерасна во институција која се здоби со огромна моќ. Според него, оној кој го прекршил Уставот мора да ја преземе одговорноста, а длабоката криза во која влезе државата се решава само со предвремени парламентарни избори.

Радмила Шеќеринска истакна дека она што ја поттикнало власта на насилството на 24-ти декември е константното молчење на народот и калкулацијата со ставот дека и тоа ќе биде одмолчено.

„Директниот удар е насочен против главниот непријател, а тоа е демократијата. Вистинскиот непријател на власта е фактот дека власта може да има алтернатива и дека нејзиното мислење не се поклопува со сечие. И можеби е добро што маските паднаа, оти знаеме со кого имаме работа“, речеШеќеринска.

Во продожение, потсетуваме на ужасниот настан со фотографиите на Ванчо Џамбаски од настаните пред собранието на Република Македонија на 24.12.2012:



Книгата за Црниот понеделник во издание на ФООМ можете да ја преземете овде.

ОкоБоли главаВицФото