Протест за чист воздух и здрави деца!

25.12.2016 18:17
Протест за чист воздух и здрави деца!

ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО!

Датум: 28.12.2016
Време: 17:00
Место: Фонтана, Градски парк, Скопје

 

Загадувањето на воздухот е НАЈГОЛЕМО до сега - дури и до 20 пати над нормалата! Болестите и смртноста поради загадениот воздух драстично се зголемуваат! Најмногу страдаат децата, кои секојдневно се движат одејќи на училиште или во градинка, но и сите граѓани кои живеат и работат во Скопје.

Локалните и централните власти власти не преземаат НИШТО! Покажуваат тотална негрижа за здравјето и животот на населението.

Во Париз, Франција, загадувањето достигна 146 микрограми на метар кубен и веднаш се презедоа мерки. Во Скопје со измерени над 1000 ПМ10 ч0еститки, НЕМА НИКАКВИ МЕРКИ!

ТОА Е НЕДОЗВОЛИВО!!!

Граѓани, мерките во Париз се преземени бидејќи ако тоа не се случи, жителите на Париз за кратко време ќе излезат на протест и ќе го побараат тоа од нивните градоначалници и министри.

НИЕ НЕ СМЕЕМЕ ДА МОЛЧИМЕ.

АКО ГИ САКАМЕ СВОИТЕ ДЕЦА.

АКО СЕ САКАМЕ СЕБЕ СИ И СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ МОРА ДА ИЗЛЕЗЕМЕ НА ПРОТЕСТ и да побараме ИТНИ МЕРКИ за ЧИСТ ВОЗДУХ.

ДОЈДЕТЕ НА ПРОСТЕСТ!

МОТИВИРАЈТЕ УШТЕ петмина да се приклучат!

Организатори на протестот се граѓани и еко-активисти.

ПРОТЕСТОТ Е ГРАЃАНСКИ И НЕ Е ПОДДРЖАН ОД НИТУ ЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА!

Барањата за овој протест се:

1. Воведување на пар-непар за моторните возила.

2. Забрана за движење на возила кои се без катализатори за издувни гасови.

3. Бесплатен градски превоз цела зима.

4. Итна набавка и бесплатно делење маски со потребни стандарди за заштита (со потребни димензии) за целото население (и за деца) на Скопје.

5. Излегување на терен на зголемен број инспекциски тела за контрола на начинот на греење на граѓаните.

6. Обезбедување бесплатен огрев за граѓаните кои се греат на гуми и други штетни материи.

7. Ненајавени контроли на оџаците на индустриските капацитети кои (се сомневаме дека) загадуваат.

8. Привремена забрана за работа на сите индустриски капацитети кои (се сомневаме дека) загадуваат.

9. Да се формира кризен штаб во Центарот за управување со кризи кој ќе ја следи состојбата и ќе предлага и презема итни мерки против загаденоста на воздухот.

10. Запирање на сите градежни работи во Скопје.

11. Почесто и потемелно чистење на улиците од улична прашина.

12. Полициски контроли на возила кои носат нечистотија на гумите, особено такви кои излегуваат од градилишта.

13. Контрола дали се спроведуваат обврските за чистење на јавните површини околу градилиштата од оние чија обврска е да го прават тоа.

14. Да се набават и бесплатно да се делат велосипеди.

15. Новиот парламент да донесе закон за забрана за уништување на каква било вегетација. Кој ќе исече дрво или уништи парк да добие затворска казна од 10 години.

16. Новиот парламент да донесе законска регулатива според која доколку загадувањето ја надмине пропишаната нормала веднаш да МОРА да се преземаат мерки.

РОК ЗА БАРАЊАТА ОД 1 ДО 13 Е 3.1.2017 ГОДИНА

РОК ЗА БАРАЊЕТ0 14 Е 1О ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ПРОТЕСТОТ (28.1.2017)

РОК ЗА БАРАЊАТА 15 И 16 Е 5 ДЕНА ПО КОНСТИТУИРАЊЕТО НА НОВИОТ ПАРЛАМЕНТ.

Програмата на протестот:

- Собирање на граѓаните кај Фонтана во Градски парк
- Кратки обраќања
- (можно) Испраќање на членовите на „На точак“ да ја почнат нивната тура.
- Марш од фонтата до просториите на г. Скопје каде се бара прием од градоначалникот за да му се врачат барањата од протестот (на 25.12.2016 ќе биде испратено барање за остварување на средба со градоначалникот во 17:30)
- Кратки обраќања пред просториите на г. Скопје.
- Марш од г.Скопје - Фонтана - (преку Илинденска) - пред Влада на РМ.
- Се бара прием од премиерот на РМ за да му се врачат барањата (на 25.12.2016 е испратено барање за остварување на средба со премиерот во 18:15)
- Кратки обраќања пред Влада на РМ.
- Крај на протестот