Очудувања - конкурс на Бегемот за кратка проза

28.12.2016 03:31
Очудувања - конкурс на Бегемот за кратка проза

Издавачката куќа Бегемот распишува конкурс за кратка проза!

Целта на конкурсот е да им дадеме поддршка и публицитет на што поголем број квалитетни македонски писатели, но и да откриеме нови смели пера од Македонија, а потоа да им отвориме можности за учество во македонскиот и во меѓународниот книжевен свет.

За учество на конкурсот поканети се сите дебитанти и искусни писатели од Македонија. Единствените услови на конкурсот се: 1) да се поднесе кратка прозна книжевна форма и 2) да биде напишана на македонски јазик.

Уметничката вредност на текстот ќе биде оценувана преку: стилската оригиналност, креативноста на наративната стратегија и инвентивноста на односот кон темата. Во однос на изборот на темата – нема никакви ограничувања.

Изборот на расказите го прави нашата редакција.

Конкурсот ќе биде отворен во текот на целата година, а одбраните раскази двапати годишно ќе бидат објавувани во дигитални збирки на нашата веб-страница, слободни за преземање и за читање за сите заинтересирани читатели. Електронските изданија ќе бидат од непрофитабилен карактер.

Сите заинтересирани ги молиме да ги испраќаат текстовите во електронска форма на имејл адресата: andrej@begemot.mk

ОкоБоли главаВицФото