Промоција на книгата „517“ од Сања Михајловиќ Костадиновска

28.12.2016 04:16
Промоција на книгата „517“ од Сања Михајловиќ Костадиновска

На 28 декември (среда) со почеток во 20 часот во рамки на Малиот новогодишен саем на книги во ГЕМ Клуб (Стара чаршија, над Менада), ќе се одржи промоција на романот „517“ од Сања Михајловиќ Костадиновска, минатогодишната добитнична на наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, што ја доделува издавачката куќа Темплум.

За книгата ќе зборува Иван Шопов, а извадоци од романот ќе чита Елена Митреска.

„Станува збор за краток дистописки роман во кој се забележува ехото на класиците на жанрот (Орвел, Замјатин, Бредбери итн.), но и моќниот индивидуален глас на авторката. Сања Михајловиќ Костадиновска покажува сосема солидни познавања на конвенциите на антиутопијата, но вешто ги разбива жанровските крутости воведувајќи елементи од повеќе суб-жанрови и користејќи ја способноста на романот да ги апсорбира истите.

Да се пишува дистопија во една култура во која речиси и не постои таква книжевна традиција претставува храбар исчекор: сериозен предизвик е да пронајдете нови и специфични одредници во еден жанр кој го добил своето место во меинстримот и веќе е кодифициран, а авторката успешно се справува со тој предизвик.“

(Од образложението на жирито на „Новите!“ 2015)

Извадок од романот можете да прочитате овде.

ОкоБоли главаВицФото