„Удар“ објаснува зошто земјата е навалена

29.12.2016 02:13
„Удар“ објаснува зошто земјата е навалена

Катаклизмичните судари не ја создале само Месечината туку можеби и ја накривиле Земјата, сметаат научниците.

Во студијата објавена кон крајот на октомври во списанието Нејчр (Nature) научниците велат дека нивната нумеричка симулација најавува дека по сударот на раната Земја со небесно тело со величина на Марс, нашата планета останала навалена за шеесет до осумдесет степени и дека се вртела брзо, еднаш на секои два и пол часа, односно речиси десетпати побрзо од денес.

Но, симулациите покажале и дека динамиката на Месечината и Земјата се забавила и се исправила во текот на следните четири милијарди години.

„Во оваа студија првпат постои модел кој вели дека можеме да почнеме од една точка и да објасниме сè, не повикувајќи се на другите подоцнежни настани“, вели Сара Стјуарт, профероска по наука за Земјата и планетите на Калифорнискиот универзитет во Дејвис.

Меѓу карпестите планети од потесниот Сончев систем, Земјата е аномалија. Меркур и Венера немаат сателити, а Марс има два многу мали (пречникот на помалиот е помал од 25 километри) кои се можеби заробени астероиди. Пречникот на сателитот на Земјата изнесува повеќе од 3 200 километри.

Последниве години омилената теорија за потеклото на Месечината беше „теоријата на големиот удар“. Набрзо по настанокот на Земјата и остатокот од Сончевиот систем, натрапникот со големина на Марс наречен Теја удрил во Земјата. Парчињата од ударот се стопиле во малку поголема Земја и во сателит што се движи околу неа.

Но, постои една недоследност помеѓу Месечината каква што е и предвидувањата на моделот на големиот удар. За почеток, составот на Месечината е многу сличен со оној на Земјата. Експертите би помислиле дека Месечината би требало да биде послична со Теја.

Во 2012 година, д-р Сара Стјуарт и Матија Чук изнесоа друга можност – дека Теја удрила во земјата со голема брзина, заради што се помешале материјалите од двете тела. Новосоздадената Земја исто така би се вртела брзо, а дале и објаснување дека заемната гравитација со Сонцето забавила сè.

Новиот модел и понатаму не ја објаснува наваленоста на орбитата на Месечината од пет степени во однос на орбитата на речиси сè останато во Сончевиот систем.

Но, д-р Чук, сега истражувач на институтот СЕТИ во Калифорнија, дошол до следната замисла: можеби орбитата на Месечината и понатаму е навалена зашто и орбитата на Земјата во почетокот била многу навалена.

Стјуарт и Чук велат дека ревидираните пресметки објавени во списанието Нејчр (Nature) објаснуваат речиси сè за Месечината.

„Го променивме предизвикувачот на влијанијата“, рече професорката Стјуарт.

Извор: The New York Times