Женски муслимански хор во Бејрут пее божиќни песни

29.12.2016 19:12
Женски муслимански хор во Бејрут пее божиќни песни

Ансамбл од околу четириесет девојки ја пее божиќната песна „Тивка ноќ“ на арапски во грко-католичка црква, која се наоѓа во делот од градот Бејрут во кој мнозинство е муслиманското население.

Хорот на организацијата Имам Садр беше дел од концертот кој го организираше Beirut Chants Festival (традиционален фестивал на класична, сакрална и етно музика) а од 1 декември одржаа 23 бесплатни концерти.

Настапот на девојките е одржан на 19 декември во придружба на познатиот либански музичар Абеер Нехме. Видео снимката стана многу популарна на социјалните мрежи, а е проследена со коментари кои ја фалат музиката и трогателниот меѓурелигиски гест.

Либан е толерантна и верски разнолика земја во која живеат 40 отсто христијани. Со уставот од 1926 година е обезбеден паритет помеѓу муслиманските и христијанските претставници во власта.

Извор: klix.ba

ОкоБоли главаВицФото