Иванов нема проблем со наметната политичка криза, тој е кризата

29.12.2016 19:35
Иванов нема проблем со наметната политичка криза, тој е кризата

Иванов нема проблем со наметната политичка криза, тој е кризата. Сè уште зборува дека тој помирувал, дека спречувал црни сценарија. Наводно, токму поради тоа го силуваше Уставниот суд и нашиот правен систем со аболицирањето на 56 лица и осакатувањето на СЈО.

Уште понаводно, историјата ќе го судела откако, после долги години, чувствителните информации ќе бидат декласифицирани.

На крај, побара и помирување на „раскараните“ политички партии. Во нормални услови, ова би звучело во ред. Ако Груевски и сите останати бидат судени сега, пред назависен и непристрасен суд во транспарентна и јавна постапка. Со безрезервна и целосна поддршка на институцијата која ги гони.

Доволно беше криминалци да се кријат зад политиката и да бараат да бидат третирани како чесни политичари, додека со сите сили ја блокираат секоја можност за судско докажување на нивната вина. Сите кои ја злоупотребиле власта мора да одговараат за тоа и за тоа не смее да има компромис.

А што се однесува до Иванов, попомирувачки ќе беше ако повторно само намигнеше. Бидејќи со ваквите, „државнички“ настапи, тој само ја бутка државата подлабоко во кашата во која самиот ја стави.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Дојранлиев