Политичари откажале новогодишна журка и парите си ги доделиле на себе

30.12.2016 09:57
Политичари откажале новогодишна журка и парите си ги доделиле на себе

Скопје, 30 декември 2016

Откако локалната самоуправа во неколку градови реши да ја откаже новогодишната прослава и парите кои би биле потрошени за неа да ги донира во хуманитарни цели, се појави и нова иницијатива. Имено, неколку политичари од ВМРО-ДПМНЕ решија парите од откажаните прослави да им ги донираат на своите сопартијци, на оние кои им се најпотребни пред новогодишните празници.

Ваквата иницијатива ја покрена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а подоцна се придружија уште неколку министри и градоначалници.

„Во овие тешки времиња е многу важно граѓаните да се откажат од забавата, да покажат хуманост и да ни помогнат нам, на политичарите, за што поубаво да ги поминеме претстојните празници. За нив таа сума не е голема, а нам многу ќе ни значи“, велат од Новогодишниот одбор и Унијата на празнични сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Локалните власти во повеќе градови се согласуваат дека дочекот на улиците и плоштадите би бил непотребно расфрлање во ситуација кога многу политичари сè уште не се во ниту еден управен одбор или немаат никаква дополнителна функција од која заработуваат.

„За нив и најмалата помош е од пресудна важност и секој што има барем малку совест не би можел да се весели јавно на народна музика додека во исто време некој политичар со една плата живее во екстремна сиромаштија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата апелираат граѓаните да бидат хумани кон политичарите во текот на целата година, а не само пред празниците.

Извор: www.njuz.net
Слика: Били Даркарт

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото