Миленко и Каналенко

30.12.2016 10:25
Миленко и Каналенко

Хахаха, идиотите на власта и околу власта решиле да умрат на идиотски начин: некој им смислил идиотски договор за телевизиско шоу кое не смее да има слика и тон и да оди на програмата, само со идеја дека преку раскинување на тој кретенистички исерок, двете страни ќе можат да прикажат дека:

а) Каналенко на режимското Зло, односно Злото како такво, се субјекти кои преземаат мерки против идиотите во своите редови, односно против говорот на омразата, агресијата, некултурата, насилството, немралот и сл., дека се чисти и нормални, а

б) Идиотите, претставени во лицето Миленко, да се прикажат како прогонувани ѕверови кои во тој договор имаат потврда дека биле шиканирани, со право, ако дојде до промена на режимот, да бараат слободарска споменица 2015/2016, индулгенција, демек, не само за оневинување од злото што со години го сееја, туку и потврда дека биле жртви.

Мали слатки монструмчиња.

Па уште во очи на конституирањето на таканареченото собрание и на преговорите околу владата, за какво-такво оправање на тотално уништените меѓународни и внатрешни позиции на Злосторничкото здружување на ВМРО-ДПМНЕ!

А бе страхотни хора, еј!

Арно, ама, неќе моќи проќи!

Апссссссссссссссссс!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња