Донирајте го вишокот храна од новогодишната ноќ за бездомниците

31.12.2016 12:07
Донирајте го вишокот храна од новогодишната ноќ за бездомниците

Здружението на граѓани „Љубезност“ ги повикува сите хумани луѓе, на кои ќе им остане вишок храна од новогодишната ноќ, на први јануари да ги контактираат и да ја донираат во акцијата „Новогодишна трпеза за бездомниците“.

„За време на новогодишната ноќ нашите трпези ќе бидат полни со храна, од која најголем дел за жал ќе заврши во контенерите. Ве молиме во тие моменти да се сетите на луѓето кои не можат да си дозволат да набават парче леб, а камоли повеќе. Во името на Здружението ЉУБЕЗНОСТ земаме обврска, како што беше тоа и лани, во првиот ден од новата година да поминеме со комбето низ Скопје и да ги подигнеме донациите“, стои во повикот за акцијата на здружението.

Сите заинтересирани на први јануари, од 13:30 до 16:40 часот, можат да ги контактираат организаторите на телефонскиот број 078/263-792 и да ги информираат за адресата, по што здружението информира дека ќе направи распоред на движење и од 16:30 до 21:30 часот со комбе ќе помине на местата за да ја подигне донираната храна.

Слика: Skidrobot

ОкоБоли главаВицФото