2016: годината во фотографии

02.01.2017 12:20
2016: годината во фотографии

Преминот од една кон друга година е вистинско време за да погледнеме наназад и да се потсетиме на она што ја одбележало изминатата година. Во оваа прилика, преку триесетина фотографии, се потсетуваме на 2016-та: војни, бегалска криза, заминување на мноштво значајни личности, протести, спортски подвизи, природни феномени... Помеѓу „големите“ теми, фрламе поглед и врз неколку „мали“ фото-приказни.

 

Жена со тетоважа Ziggy Stardust посетува мурал на Дејвид Боуви во Брикстон, јужен Лондон, 11 јануари 2016. Фото: Штефан Вермут

„Селфи“ на роверот Curiosity снимено додека прави ископувања и собира материјал за лабораториска анализа, 19 јануари 2016. Фото: JPL-Caltech / MSSS / NASA

Републиканскиот претседателски кандидат Донал Трамп држи копија на магазинот Тајм со себеси на насловната страница, пред Музејот на Џон Вејн, Винтерсет, Ајова, 19 јануари 2016. Фото: Аарон П. Бернстајн

Човек држи дете на балкон од оштетената куќа по престрелките меѓу курдските бунтовници и турските безбедносни сили во градот Силопи во југоисточна Турција, 19 јануари 2016. Фото: Илјас Акенгин

Штотуку венчаната сириска двојка, Нада Мерхи (18) и сирискиот војник Хасан Јусеф (27) позира среде урнатините на градот Хомс, 5 февруари 2016. Фото: Џозеф Еид

Мигрант фаќа бодликава жица на грчко-македонската граница, во близина на грчкото село Идомени, 1 март 2016. Фото: Луиза Гулиамаки

Целосна соларна еклипса видена од плажа во Индонезија, 9 март 2016. Фото: Beawiharta / Ројтерс

Сириската бегалка Амна Зугхајар (9) позира покрај шатор во бегалски камп во близина на границата помеѓу Сирија и Јордан. Фото: Мухамед Мухеисен

Џулија Баер (30) ја оплакува смртта на музичката икона Принц, во Лос Анџелес; 21 април 2016. Фото: Луси Николсон

Дете присуствува на церемонија на воведување во будистичкиот монашки ред во храм во Сеул, Јужна Кореја, 2 мај 2016. Фото: Чунг Сунг-Јун

Коњи гледаат низ мал прозорец од штала во селото Понтоираклија, Грција, 27 мај 2016. Фото: Марко Ѓурица

Луѓе држат свеќи на меморијална служба за жртвите од нападот во ноќниот клуб Пулс, 13 јуни 2016, Орландо, Флорида. Фото: Дру Ангерер

Член на Гардата на кралицата колабира додека е на стража, во годината кога се одбележува 90-иот роденден на кралицата, 11 јуни 2016, Лондон. Фото: Стјуарт Вилсон

Лидерот на британската партија УКИП, Најџел Фараж, го слави исходот од референдумот за Брегзит, централен Лондон, 24 јуни 2016. Фото: Геоф Кадик

Маја, 40-годишен слон, се шета во околината на циркусот со кој гостува и ја пикнува сурлата во локална пекарница, Берлин, 1 јули 2016. Фото: Шон Галуп

Турски војници вмешани во обидот за пуч се предаваат на мостот на Босфор, Истанбул, 16 јули 2016. Фото: Getty

Сириец лови покемони со мобилниот телефон среде урнатините во градот Дума кој е под контрола на бунтовниците, 23 јули 2016. Фото: Самир Ал-Думи

Одбојкарскиот женски тим на Србија ја слави победата против репрезентацијата на Холандија на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, 14 август 2016. Фото: Џеф Роберсон

Усеин Болт од Јамајка гледа кон Андре Де Грас од Канада во финишот на трката од полуфиналето во 100 метри за мажи, на олимпискиот стадион во Рио де Жанеиро, Бразил; 14 август 2016. Фото: Каи Пфафенбах

Петгодишното сириско момче Омран Дакнеш со крваво лице и повреди по воздушен напад во Алепо, 17 август 2016. Фото: Ројтерс ТВ

Пожарникари отстрануваат шут по земјотресот во Аматриче покрај камбанарија, 30 август 2016. Фото: Стефано Монтези

Сиријци носат преживеани бебиња меѓу урнатини по воздушен напад во Алепо, Сирија, 11 септември 2016. Фото: Амир Алхалби

Демонстрантка лице в лице со припадник на специјалната полиција на протест со кој се одбележува годишнината од пучот во Чиле од 1973 година, Сантијаго, 11 септември 2016. Фото: Карлос Вера

Спасување мигрант во водите на Средоземното Море од страна на членови на невладината организација Open Arms во близина на Либија, 3 октомври 2016. Фото: Арис Месинис

Доналд Трамп и Хилари Клинтон одговараат на прашање при втората претседателска дебата на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, 9 октомври 2016. Фото: Хулио Кортез

Момче на велосипед во близина на запалено нафтено поле од припадниците на ИСИС кои се повлекуваат, Кајара, Ирак, 21 октомври 2016. Фото: Карл Корт

Автомобили поминуваат покрај виножито во близина на Бад Лангенсалца, Германија, 2 ноември 2016. Фото: Јенс Меер

Поддржувачи на Доналд Трамп се собираат пред Белата куќа, 8 ноември 2016. Фото: Џошуа Робертс

Луѓе од покривите на своите куќи ја гледаат поворката со посмртните останки на кубанскиот претседател Фидел Кастро, Санта Клара, Куба, 25 ноември 2016. Фото: Чим Сомодевиља

Ирачки овчар го надгледува стадото, додека во позадина се крева чад од запалени нафтени полиња од ИСИС, во близина на Кајара, Ирак, 25 ноември 2016. Фото: Томас Коекс

 

Извор: The Atlantic

Слични содржини

Фотографија / Свет
Фотографија / Свет
Фотографија / Свет
Фотографија / Свет
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Живот

ОкоБоли главаВицФото