Смрт од глупост!

04.01.2017 02:17
Смрт од глупост!

Цели генерации се воспитани во фазонот „животот го даваме - името не го даваме“!

Така изгледа современата преформулација на лажираната вмровската заклетва „слобода или смрт“, лажирана затоа што однапред било договорено дека изборот е смртта!

Како и сега: изборот и сега не е животот, односно името, туку смртта која се принесува на тој олтар!

Тоа не е само нормативна стварност, тоа е и материјална стварност, луѓето навистина умираат, некои физички, другите социјално, третите културно, четвртите умираат во демолираната смисла на заедничкиот живот, во уништената држава, во разградените институции, петти го разделуваат својот живот со оваа вукојебина бегајќи во странство, умираат, сакам да кажам, и тие на кои им е преку кур од името и од приказните за името, од сите измислици, патетики, спинови, а умираат и оние кои од почетокот имаа рационален однос кон ова прашање, но не можат да живеат затоа што не им се дава името да не го бранат повеќе, затоа што не им даваат да се прекрстат во уставна смисла, затоа што не можат да поднесат дека уставното име не им даваат да го сменат тие што од уставот сменија сè и го направија нокшир за владејачката говњарија.

Тоа се вика менаџирање со смртта така што ВМРО во смртта престанува како власт да се грижи за живототворното управување со општествените процеси и со обезбедувањето на перспективите, односно ги управува истите кон дефинитивниот крај.

Тоа се вика остварување на историската мисија на ВМРО: убиство на Македонија со помош на самата себе.

Тоа не е самоубиство.

Дури не е ниту самоубиство од невнимание или немар, како што во правна смисла се викаат тие суициди.

Ова е убиство во кое убиениот има впечаток дека се вознесува на небото додека го положуваат во калта на Бутел откако ќе го запишаат во историските книги на умрените глупаци од глупост!

П.С.

Пред недела-две агенциите ја пренесоа веста дека Чешка усогласила повеќе имиња за меѓународна комуникација.

Слика: Свирачиња