Фрлени луѓе

05.01.2017 16:15
Фрлени луѓе

Ги фрлаа или самите се фрлаа. Секогаш на исто место, уредно означено со табли и патокази. Кога не ти треба некој – го праќаш или лично го носиш дотаму. Кога самиот себеси не си требаш – се носиш или нарачуваш некој да те однесе. Со велосипед, автомобил, со воз или пароброд. Фрлените луѓе не му требаат никому, никој не ги бара, никој не ги наоѓа. Си живеат во ништото, со силно чувство на припадност. Иако не е предвидено да се дружат, понекогаш може да се забележи како двајца фрлени заедно чекаат велосипед, автомобил, воз или пароброд; како стојат еден до друг и во исто време погледнуваат во своите часовници без стрелки. Нив и времето ги одминува во широк лак.

Фигура на сликата: Slinkachu 

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото