Не знаев дека твоето име

05.01.2017 19:15

е толку често. Има некој професор по
информатика што се вика исто како ти.
Има некој што дал оглас дека продава
(и тоа мошне поволно) женски перики.

Некој со твоето име, негде во Австралија,
влегол на бензинска и ја киднапирал девојката
во која бил заљубен. Го затвориле на барем
осумнаесет месеци. Што се крие зад имињата?

Иван Петров, експерт по телекомуникации.
Иван Петров, алт и баритон саксофонист.
Иван Петров, автор на хумористични книги.
Иван Петров, истражувач на пештери.

Ниеден од тие Ивани не си ти.
На интернет те нема. Ни дома, со години.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото