Десетте лути гусари

06.01.2017 10:18
Десетте лути гусари

                           Според песна на Љубивое Ршумовиќ

Десет лути гусари

Дојдоа во мојот кревет
Миле падна од креветот
Останаа девет

Девет лути гусари
Едвај знаат кој сум
Мартин го успав
Останаа осум

Осум лути гусари
Остро ги гледам редум
Бетка падна во несвест
Останаа седум

Седум лути гусари
Избегаа на брест
Горде падна на глава
Останаа шест

Шест лути гусари
Киднаа во свет
Антонио се изгуби
Останаа пет

Пет лути гусари
Наоружани со секири
Саше падна в бунар
Останаа четири

Од четирите гусари
Бесни и итри
Ставре пукна од мака
Останаа три

Три лути гусари
А против нив јас
Нино го ѕвизнав
Останаа два

Два лути гусари
Погледот им е леден
Али се слизна
Остана само еден

Едниот лут гусар
Стана меден
Просто се истопи
Остана ниеден

Како што изгледа
не се страшни тие
Веќе немам страв
Може да се спие!

Слики: Свирачиња

Оригиналната песна

Слични содржини

Пандалф Вулкански

ОкоБоли главаВицФото