Десет лути гусари

06.01.2017 16:03

Десет лути гусари
Дојдоа во мојот кревет
Еден падна од креветот
Останаа девет

Девет лути гусари
Не знаат кој сум
Едниот го успав
Останаа осум

Осум лути гусари
Остро ги гледам редум
Еден падна во несвест
Останаа седум

Седум лути гусари
Избегаа на брест
Еден падна на глава
Останаа шест

Шест лути гусари
Киднаа во свет
Еден се изгуби
Останаа пет

Пет лути гусари
Наоружани со секири
Еден падна в бунар
Останаа четири

Од четирите гусари
Бесни и итри
Едниот пукна од мака
Останаа три

Три лути гусари
А против нив јас
Едниот го ѕвизнав
Останаа два

Два лути гусари
Погледот им е леден
Едниот се слизна
Остана само еден

Еден лут гусар
Стана меден
Просто се истопи
Остана ниеден

Како што изгледа
заминаа сите тие
Сега немам страв
Може да се спие!

Превод: П. В.

Сроден прилог

Љубивое Ршумовиќ е роден во село Љубиш, Златибор, на 3 јули 1939 година. Дипломирал во 1965 година компаративна литература на универзитетот за книжевност во Белград. Почнал да пишува рано, од основно училиште. Првите песни ги објавува во Ужичките „Вести“ и во „Литература вести“. Објавил 72 книги, најмногу за деца. Добитник е на многу литературни награди и е еден од најмаркантните југословенски писатели за деца. Неговите дела се преведени на неколку странски јазици.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото