Главолом шампионите за 2016!

07.01.2017 13:57
ГЛАВОЛОМ ШАМПИОНИТЕ ЗА 2016!

Седумте Главолом шампиони за 2016 се исклучиво позитивци, т.е. аспирини:

Бранко Тричковски, Ирена Ристиќ, Румена Бужаровска, Бранимир Јовановиќ, Жарко Трајаноски, Арсим Зеколи и Саше Ивановски.

Повеќе нивни легендарни изјави ќе ставиме на Окно следните денови. Денес од нив пренесуваме само по една изјава.

Се разбира, подолу ги издвоивме и најидиотските изјави во 2016. Но, и нив ги балансираме со 15 аспирини.

Сите изјави беа објавени во рубриката „Боли глава“ во 2016 година.


ШАМПИОНИТЕ

 

Бранко Тричковски

Што е Отчет?

Отчет е процес на саламурење на живо месо во тинктура од ретки говна, дркотини и половина кафено лажиче солзи!

Фејсбук, 21.03.16.

 

Румена Бужаровска

Бетмен Велит - Скатоптерикс

Слушам Бетменчо се навредил зошто јас како професорка сум употребувала таков недоличен речник па сум го нарекла гомно со крила. Јас длабоко се извинувам. Требаше да го наречам скатоптерикс.

Фејсбук, 25.05.16.

Саше Ивановски

Венко Андоновски пишува за Вевчанскиот карневал

Венко Андоновски пишува за Вевчанскиот карневал. И се одушевува на храброста и слободата на маските, го фали карневалот со тоа што го исмевал политичкиот карневал кој ни се случува во реалноста. Се исмева со политичарите зашто носеле маски и глумеле лудило.

А ти бе, цреп, кога ти ќе ја тргнеш твојата маска на интелектуалец и писател и ќе прозбориш јавно за зулумот на лудаците?! Ало, пичко скапана!?

Мактел, 19.01.16.

 

Жарко Трајаноски

Кривичен не е правичен

Кривичен не е правичен. Управен е неисправен. Уставен е неуставен.

Фејсбук, 15.11.16.

 

Арсим Зеколи

Имаме работа со воајери и перверти

Масивниот број на изложени на трето уво укажува дека не станува збор само за прислушувани по безбедносна или политичка основа. Не и не! Имаме работа со воајери и перверти, со буквални манијакални неизживеани конзервативни садисти со едната рака во гаќи и другата врз потпрените слушалки на уво, низ кои трескавично и слигавено слушаат, со стенкање и офкање мастурбираат и вцрвенети во искривените лица прислушуваат туѓи животи.

Фејсбук, 18.11.16.

 

Ирена Ристиќ

Врати СÈ, Никола!

Оди си, Никола!
Врати СÈ, Никола!

Не се зезам!

Фејсбук, 14.01.16.

 

Бранимир Јовановиќ

Парите ќе ги вратите!

Не „вратете ги парите“, туку „парите ќе ги вратите“.

Фејсбук, 03.08.16.

 

НЕГАТИВЦИТЕ

 

Ќосето за Заев!

Тој најде да го цитира Делчев. Јас ќе му кажам. Да беше Делчев денеска жив, тој немаше да може со него да се поздрави, на него ќе му беше пратен само Ќосето да ја заврши приказната со таков човек.

Никола Груевски на предизборен митинг во Делчево му испраќа ликвидаторска порака на Зоран Заев; 06.12.16.

 

Природна реалност

Основањето на влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ е ПРИРОДНА РЕАЛНОСТ.

Тони Науновски, „24 Вести“ ТВ, 21.12.16.

 

Никој овде не е вработен од шо е многу способен

Излегла партијата во пресрет на сите, ни дала парче леб. Ако сме биле способни, можеме да бараме во приватно здравство, не знам други работи да си работиме, не требало од партијата да бараме вработување ако не ни е битно или ако сме биле способни. Никој овде не е вработен од шо е многу способен, туку од шо е партиски член. Да не си дозволиме да имаме проблеми…

Петар Ристески, директор на прилепската Општа болница „Борка Талески“ и координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, на состанок со колегите во болницата; Публикум, 09.12.16.

Се појавувам во раскошен стајлинг оти тоа претставува моќ во политиката

Кога Никола Груевски вчера ни рече да се облечеме во потопла облека, којшто има, бунди, топли јакни, чизми, бидејќи во Охрид е постудено, јас без двоумење се решив за бундата од мајка ми. И секогаш, на сите претстојни митинзи ќе се појавувам во нов, уникатен и секако раскошен стајлинг, оти тоа претставува моќ во политиката. За пример ќе го наведам Доналд Трамп. Мојот моден стил е сличен на неговиот, и тој се појавуваше пред народот во гламурозна облека, па ете убедливо победи.

Амди Бајрам, Фокус, 22.11.16.

 

Овие што се, камиони?

– Овие што се, камиони?
– Да, овие се камиони…
– И овие цела ноќ ќе работат, така?
Па, дел од нив работат цела ноќ, да.

Разговор меѓу Груевски и неговите министри, на терен; Либертас, 15.08.16.

 

Шарената револуција е револуција на богатите против народот!

Ова е револуција на богатите против народот. Имаш на еден мал простор луѓе што поделиле околу 6 милиони евра за период од две години и тие протестираат и бараат некои права. И од кој ги бараат тие права и зашто ги бараат тие права е друго прашање. Но клучно прашање е како тие луѓе 50, 100, 200, 500 успеале да поделат 6 милиони евра со некаква си цел да срушат Влада, да покренат некои прашања итн. Сега замислете од другата страна, да го ставиме ова во друг контекст, колку земјоделци колку време треба да работат за да земат 6 милиони евра, не знам некој се занимавал со производство на тутун, некој што работел во текстилна индустрија или доктори, адвокати, значи овде станува збор за луѓе коишто поприлично добро заработуваат. Затоа ви велам ова личи како револуција на богатите против сопствениот народ.

Никола Тодоров, кај Јанко Јадибурек, 15.06.16.

 

Верујем да сваку од нас може да се наџе у том пројекта

Ми свака година подржујемо бијенале наших уметника, и ова година исто тако имамо веома врло добро инсталације. Верујем да сваку од нас може да се наџе у том пројекта.

Елизабета Канческа Милевска, изјава за РТС, 14.06.16.

 

Секташко однесување

Невладините, кои се финансирани од Сорос, преку секташко однесување врбуваат млади луѓе да работат против Македонија.

Никола Груевски, интервју за Телеграф, 25.05.16.

 

Се работи за многу голема штета и таа е со несогледливи последици

Се работи за многу голема штета и таа е со несогледливи последици затоа што се уште не ги имаме целосните сознанија колку тие хемикалии продреле во мермерот. Навистина веќе станува и релативно која цена и да се каже. Не е само материјалната штета, туку и штета од духовен и психолошки карактер каде што е нанесен еден напад врз македонското достоинство затоа што Порта Македонија претставува еден симбол на македонската историја, македонскиот идентитет, македонската култура.

Бранислав Светозаревич, директор на Порта Македонија, Слободен печат, 17.05.16.

 

Ако жената фрла со обоени јајца...

Оние коишто ги бојат објектите удираат врз историјата на Македонија.

Познат е образецот на однесувањето. Ако жената фрла со обоени јајца сигурно тоа ќе го прави и нејзината ќерка и сопруг.

Валентина Божиновска, Телма, 27.04.16.

 

Кој ја користи улицата? Тие што не ги признаваат институциите.

Свесни ли се овие хулигани кој ја чува нивната безбедност?! Кој ја користи улицата? Тие што не ги признаваат институциите. Свесни се за чии интереси работат? За чии агенди? Не осудувам, млади луѓе лесно се заведуваат. Но каде е одговорноста на нивните родители, пријатели, нивните блиски...

Ѓорге Иванов, во разговор со група режимски новинари; 15.04.16.

 

Митологија и политика

На 5 јуни ќе има избори зашто нема друга алтернатива. Ако има некоја мудра глава, како главата на Зевс, нека ја предложи таа алтернатива.

Али Ахмети, Алсат, 7.04.2016.

 

Како што се копнените рути, такви се и воздушните рути

Како што се копнените рути, такви се и воздушните рути. По истите рути по кои на копно доаѓаат мигрантите и бегалците, по воздух доаѓаат птиците преселници.

Ѓорге Иванов, Слободна Македонија, 21.03.16.

 

Илјада години не сме имале таков политичар како него

Секако дека имам многу голема почит кон владетелот, кон господинот Никола Груевски, за кого мислам дека е најдобриот политичар што се појавил на македонскиот терен од 45-та... најмалку од 45-та навака... Но ако се земе предвид дека ние ја загубивме државата со Самоила уште, претпоставувам дека од тој период, значи од 1014 година до денес, не сме имале таков политичар како него...

Александар Станковски, Радио Слободна Македонија, 28.02.16.

 

Младите се иселуваат поради љубовни проблеми

Иако мојот репрезентативен примерок е релативно мал (околу триесетина луѓе), сепак тој може да биде добра основа за лоцирање на вистинските причини за заминувањето на младите од земјата. Иако генерално во јавноста се мисли дека причините се од егзистенцијална, а се шпекулира дека се и од политичка природа, многу малку се знае дека најголемиот дел не заминале во странство заради недостаток од пари, туку заради духовна неисполнетост, нереализираност на приватен план, како и поради чувството на љубовна празнина во домот. Во најголем број од случаите се работи за тага поради невозвратена или непреболена љубов па чарето одлучиле да го бараат во заминување подалеку од партнерот со мислата дека ако се подалеку од местото каде што сè ги потсетува на неа/него полесно ќе им оди со преболувањето. Значи, раскинувањето или разводот од партнерот, но и незадоволството од семејните односи меѓу родителите, браќата, сестрите (главно заради присутното семејно насилство) се најчестата причина за заминувањето на младите.

Татјана Каракамишева-Јовановска, Дневник, 05.01.2016.

 

АСПИРИНИ

 

Љубе е како одлежано вино

Сега сме како старо вино, а Љубе и како одлежано вино.

Стојанче Ангелов, 04.12.16.

Овој суд го сметам за злосторничко здружување

Овој суд го сметам за злосторничко здружување и вас ве оценувам како дел од него - како продолжена рака на Никола Груевски.

Зоран Божиновски, обвинет новинар, во своето обраќање до македонскиот суд, 10.11.16.

 

Грујо, Бетмен, електромобилот, коњската кола и бетмобилот

По булеварот “Јане Сандански“ уморниот Ром мавташе со камшикот по грбот на измрцварениот коњ кој вознемирено ја влечеше коњската кола полна со пластични шишиња собрани по скопските контејнери. Во еден момент коњот силно напна да ја совлада благата угорница. Крупни, кафеаво-црни лепешки почнаа да паѓаа по жешкиот скопски асфалт. Одеднаш, од една тесна споредна улица излета електромобил кој газејки ги свежите лепешки прошиша покрај ромот со коњската кола. Иако електромобилот се движеше со голема брзина, се слушаше само тивкото зуење на неговиот електромотор. Ромот зачудено гледаше во колата која одеше а не брчеше.

“Свашта“ - си помисли и мавна со раката да ја избрката мувата која зуеше околу неговото испотено лице. Поради брзината со која прошиша, ромот не успеа да види дека алектромобилот го управува лично Грујо Велики.
“Ќе ја здувам накај Градско“ – си мислеше во себе Груевски.
“И така и така патарините се бесплатни до 2027 година. Ќе заштедам 360 денари“.
Тогаш го виде. Во роретровизорот на електромобилот на неколку стотина метри зад него го здогледа бетмобилот а во него...

Стојанче Ангелов, Фејсбук, 27.09.16.

За два-триесет мртви од поплавите од пред некоја недела нема ни прекршочна пријава

На десет метри од Вардар, со багери копаат под нивото на речното корито, и не можат да се изначудат од каде се појавува вода?! Да не ја носи некој со цистерни од Морава.

За два-триесет мртви од поплавите од пред некоја недела нема ни прекршочна пријава, а на кумановскиот градоначалник Циц сега му поднесоа кривична пријава за наводно небезбедна крстосница што ја пуштил во употреба во 2008 година!

Сашо Орданоски, Слободен печат, 10.09.16.

 

Го поддржувам Мухамет Зекири

Мухамет Зекири го поддржувам во неговата одлука и заради двојната храброст која ја има во одлуката. Прво заради оставање на својата богата новинарска кариера и, второ, заради придружување кон една политичка опција која е сеуште „туѓа“ за неговиот народ.

Секако, ова е храбра политичка акција и за СДСМ и се надевам дека ова ќе им донесе добро и на мојата земја и на мојот народ.

Во себе насетувам дека сè што придонесува ДУИ да се осети лошо и шашардисано (како ноќеска) е добро за Албанците. Аирлија!

Рамадан Рамадани, Фејсбук, 02.09.16.

 

Наздравје настрадани, гушкајте го Грујо

Слушнав дека пратениците ВМРО-ДПМНЕ гласале ПРОТИВ стопирање на изградбата на Панорамското тркало и против пренасочување на тие 19 МИЛИОНИ ЕВРА за граѓаните кои се поплавени.

З`ш да не?

За умрените дале 176.000 евра, а за мајмунот 230.000 евра.

Браво бе патриоти.

Наздравје настрадани, гушкајте го Грујо.

Димитрие Дурацовски, Фејсбук, 15.08.16.

 

На небото Господ, на земјата Груевски, во куќите вода

Јасно е дека сите сили ќе бидат впрегнати што поскоро да ја заборавиме оваа тажна августовска недела, за животот „да продолжи нормално да тече понатаму“ и да не се чепка по темните кадровски петна. Нема ништо нормално во ваква ненормалност претставена со судбинско тројство - на небото Господ, на земјата Груевски, во куќите вода.

Катерина Блажевска, Призма, 12.08.16.

 

Хорхе треба да се третира како будала

Хорхе е една будала која во целата таа приказна на понижување продолжува да се става во улога на дворски шут на фамилијата. Бидејќи формално-правно нема како да се решиме од него, тој треба да се третира како будала.

Љубомир Фрчкоски, Слободен печат, 22.06.16.

 

Боже каков кретен!

Тоа сакав да кажам! Ние тепачки на плоштади пројдовме, лепење фасади, патишта и крстови на Водно, уништување паркови и кејови, културно наследство, ГТЦ референдум направивме... и пак никогаш не заигравме на аргументот "провинцијалците дојдоа да ни го уништат Скопје"...

После сè што му се направи на главниот град, неговото ѕверско силување и просељачување, дојде ропакот градоначалник да ги обвинува провинцијалците дека му кршеле по дома. Боже каков кретен!

Никола Наумоски, Фејсбук, 21.06.16.

 

Тоа не смее да нè залаже

Груевски зборува како диктатор, се однесува како диктатор, но тоа не смее да нè залаже. Тој е диктатор.

Јасна Котеска, Дојче Веле, 21.05.16.

 

Имам мозок, во глава ми е, не ми седи во тегла

Многу пати до сега ми кажале „е де, не ти е тебе толку лошо, работиш во твојата област, имаш државна работа, редовна плата. Ќути си, не си играј“.

Не е така бе дечки. Може мене не ми е лошо, имам кров над глава, храна и пари за сметки, па дури и за некој ручек во кафана и излагање у град, ама со нормален, нелуксузен живот ни јас не можам да тргнам денар на страна на крај на месец.

Освен тоа, имам очи, не ми се во анусот напикани. Имам срце, не го чувам у замрзивач, имам мозок, во глава ми е, не ми седи во тегла. Гледам, чувствувам и размислувам. Ме болат сите туѓи болки, ме болат сите несреќни судбини. Гледам сиромашни и болни луѓе, несреќни лица, свиткани кичми.

Епа лошо ми е кога гледам дека на моите сограѓани им е лошо. Затоа сум на улица, и нема да се тргнам од улица дури правдата не биде еднаква за сите, дури стравот не биде заборавен, дури слободата не ја дишеме заедно со воздухот. ‪

Јана Јакимовска, Фејсбук, 03.05.16.

„Шта рећи, а не заплакати!“

Израелската опрема е прво ставена под преса, па потоа гранулирана, па гранулатот пак ставен под преса, а директорот на фирмата каде легнувале парите за истата -застрелан.

„Шта рећи, а не заплакати!“

Софија Куновска, Фејсбук, 29.04.16.

 

Уставниот суд, Претседателот и пратениците во Собранието се нелегитимни

Уставниот суд, Претседателот и пратениците во Собранието се нелегитимни избрани претставници на институции и треба да го почитуваат Специјалното обвинителство и нивната истрага за да се дозволи да се утврди вистината.

Катица Јанева, Радио Слободна Европа, 26.03.16.

 

ВМРО ќе дава отчет на светскиот ден на дојките

ВМРО денес ќе дава отчет. На светскиот ден на дојките. Лепо би било да кажат колку пари исцицаа.

Бранко Огњановски, Слободен простор, 20.03.16.

 

Паднати сме на најниските скалила во секоја смисла

Се бавам со политика речиси 40 години; значи, бев политичар и во комунизмот и во бранковизмот, а имав и тежок дуел со агитпропот на Милошевиќ во почетокот на 90-тите... Но, вакво дно, вакво одвратно интервју какво што направи Латас со лидер на партија не сум видел!

Па Љубчо во 90-тите години беше цензуриран, но сепак кога му правеа интервјуа се однесуваа со почит и не го навредуваа.

Ова е срам и ужас за нас, ние сега сме паднати на најниските скалила во секоја смисла, ова е џунгла што ни се случува!

Петар Гошев, Мактел, 14.02.16.

 

Слики: Свирачиња

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото