1015 hPa
73 %
18 °C
Скопје - Сре, 19.08.2026 13:06

Граѓани преку Фејсбук се организираат на акција за правење привремени куќички за мачиња и кучиња скитници. Акциите ќе се одржат на 8, 9 и 10 јануари во 12 часот, собирното место е пред Веро (Тафталиџе 1).
„Сè што ви треба се стари ќебиња, чаршави или каков било материјал што би држел топлина. Куќарките може да се направат од кутии, или дури и ако некој е во можност да најде стиропор би било од корист за мачињата. Потребено ќе биде да си земете и некој скалпел или ножици за сечење на кутиите и стиропорот. Доколку некој има информација за човек што е на улица, споделете ја локацијата и што би му било најпотребно да се однесе и таму. Секоја идеја е добредојдена“, пишува во повикот за акцијата.